По сите преместувања на играчите, и како тим на кој му се предвидува втората позиција на Истокот после Кливленд Кавалирс, Бостон Селтикс по двата порази од стартот на сезоната, минатата вечер ја оствари првата победа.
Филаделфија против која играше Бостон, забележаа уште еден пораз. Натпреварот во поголем дел беше изедначен, но по одличните индивидуални игри на Кајри Ирвинг, кој во последната четвртина влезе во ритам, Бостон дојде до резултат 102 – 92 на гостински терен.
Кајри Ирвинг беше предводник на Селтикс со 21 поен, а солидна партија имаше и Ал Хорфорд кој натпреварот го заврши со 17 постигнати поени и девет скокови.
Забавен беше и натпреварот во арената „Токинг Стик Ресорт“ помеѓу Феникс Санс и Лос Анџелес Лејкерс.
Играчот на кој му се предвидува блескава иднина, Лонзо Бол, на синоќешниот натпревар ги предводеше Лејкерси со импресивни 29 поени, 9 асистенции и 11 скокови.
Брендон Инграм додаде 25 поени за Лејкерс, а Брук Лопез 19 поени надополнети со 11 скокови.
Во дербито на Истокот, Кливленд гостуваше кај Милвоки Бакс. Одлична партија забележа Гркот, Џианис Антетокунмпо кој постигна 34 поени кои не беа доволни за победа на неговиот тим против Кавси. Ле Брон Џејмс со 24 поени и Кевин Лав со 17 беа носителите на триумфот на Кливленд кој со две победи е на врвот на Источната конференција.
Резултати:
Милвоки- Кливленд 97:116
Шарлот- Атланта 109:19
Индијана- Портгланд 96:114
Филаделфија- Бостон 92:102
Вашингтон- Детроит 115:111
Бруклин- Орландо 126:121
Минесота- Јута 100:97
Далас- Сакраменто 88:93
Њу Орлеанс- Голден Стејт 120:128
Феникс- ЛА Лејкерс 130:132