НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Парламентарното мнозинство треба да расте, отворени сме за сите

0
By Нова ТВ on October 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев очекува владината коалиција да опстои и по локалните избори, а парламентарното мнозинство да остане стабилно и да расте. Тој рече дека е отворен за соработка со сите, вклучително и со поединци од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во интерес на граѓаните и на државата.

– Продолжуваме заедно со ДУИ, ги поддржуваме кандидатите на ДУИ и веруваме дека тоа ќе биде најизвесниот добробит за граѓаните на Македонија, изјави денеска Заев.

За коалицирањето на Алијансата за Албанците на Зијадин Села со БЕСА за вториот круг и дали прегрупирањето ќе значи и нејзини излегување од Владата по 29 октомври, Заев рече дека тоа е легитимно право зашто има противкандидат од ДУИ во Гостивар и во  Струга.

– Немало отворен состанок, дебата, дилеми или било што, дали Алијанса излегува или не. Секако, право е на Алијанса како ќе одлучат тие. Јас очекувам дека владината коалиција ќе опстои и ќе продолжи да зајакнува во периодот што претстои. Но убеден сум дека парламентарното мнозинство е стабилно и тоа ќе расте, изјави Заев.

Рече дека немат никаков договор со ДПА ниту имал состанок со лидерот на таа партија Мендух Тачи за коалиции за ново парламентарно мнозинство или учество во власта.

Немал состанок ниту со реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ. Потсети дека ДПА во март била незаинтересирана да влезе во власта, како и БЕСА која, како што рече, одлучи да не влезе со испораката на неприфатливи работи.

– Отворени се вратите за соработка со сите. Владиното мнозинство треба да расте и треба да биде постабилно зашто пред Македонија се сериозни одлуки коишто треба да ги носиме. Остануваме отворени за разговор со сите, вклучително и за поединци од опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.  Зборувам генерално како луѓе со луѓе. Македонија е исправена пред сериозни реформи, ни требаат соработки. Знам дека доста нивни пратеници досега изразиле несогласување со политиките на ВМРО-ДПМНЕ и полека се оградуваат. Јас не претендирам тоа да значи нивно преминување во СДСМ, само барам соработка во интерес на граѓаните и на државата, истакна претседателот на СДСМ и премиер Заев.

Интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го оцени како хаотично, а на неговите обвинувања за изборни нерегуларности рече дека на влезот на самата кампања сите анкети покажувале водство на СДСМ и колаицијата.

На обвинувањето за прислушување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, Заев одговори дека со промена на власта нема незаконско прислушување во Република Македонија, посебно не, како што рече, кон политичкиот противник.

Во врска со најавата на ВМРО-ДПМНЕ за реферндум за договорот со Бугарија по изборите, Заев рече дека е демократ и дека демократското право секојпат треба да се користи, но да биде согласно со процедурите, законот и прописите што ги дефинира Уставот.

– Истовремено и во согласност со нашата поставеност на градење пријателства со соседните земји. Отворен сум за дебата и сакам да ги видам сите различни мислења, додаде Заев.

 

Алијанса за Албанците ДПА ДУИ Заев локални избори 2017
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.