Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рахој: Мерките за Каталонија ќе траат кратко

0
By Нова ТВ on October 25, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 25, 2017 14:33

Повторното воспоставување на „нормалната ситуација на легалност“ во североисточната покраина Каталонија претставува еден од приоритетите на шпанската Влада, изјави премиерот Маријано Рахој.

Тој пред Парламентот рече дека централната Влада, со воведувањето на директна управа, сака да избегне дополнителна економска штета за Каталонија по иницијативата за нејзино осамостојување.

Според него, примената на членот 155 од Уставот е „единствена можна“ опција за воспоставување на владеењето на правото, која, според него е укината со обидот за сецесија на каталонскиот лидер Карлес Пучдемон.

Тој се надева дека траењето на овие планирани мерки, меѓу кои и смената на владата на Пучдемон и одземање на овластувањата на каталонскиот парламент ќе биде кратко, и дека тие би требало да завршат со регионални избори. Рахој се надева исто така дека изборите ќе бидат одржани што е можно побрзо откако ќе бидат воспоставени ред и закон.

-Со активирање на членот 155 од Уставот ја исполнувам мојата обврска во однос на непочитувањето на законот, изјави Рахој.

Тој додаде дека целта е „отстранување на економските последици“.

Според неговите зборови, „единствена работа за која Пучдемон сакал да разговара се условите и роковите за независност на Каталонија“.

Над илјада компании ги префрлија своите правни седишта од Каталонија за да избегнат проблеми поради несигурноста која настана по одржувањето на референдумот.

Каталонија од петок би можела да се најде под директна управа на власта во Мадрид, поради одржување на референдумот за независност на шпанската покраина.

Горниот дом на шпанскиот Парламент во петок би требало да и одобри на Владата да ги искористи специјалните овластувања.

Заменичката на шпанскиот премиер Сораја де Сантамарија претходно изјави дека регионалниот лидер на Каталонија Пучдемон ќе ги изгуби овластувањата и ќе престане да прима плата откако шпанскиот Сенат ќе го усвои членот 155, со кој централната Влада во Мадрид ја премеа контролата над покраината.

Шпанскиот суд оцени дека референдумот за независност што го организираше регионалната влада на Каталонија е кршење на шпанскиот Устав од 1978 година.

 

Каталонија Мадрид Пучдемон Рахој
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.