НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО покрена кривична пријава за Чавков и ЕБР за тепањето на студентите

0
By Нова ТВ on October 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство по една година од поднесувањето, првпат презема активност по кривичната пријава за упадот на Единиците за брзо распоредување (ЕБР) во седиштето на Студентскиот Парламент на 30 јуни лани.

Кривичната пријава е поднесена од Хелсиншкиот комитет за човекови права на 29 септември 2016, против тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков,  непознат раководител во полицијата и припаници на ЕБР.

-Утрово ја добив поканата за сослушување на 6.ноември, како сведок и директен учесник во настаните. Не знам до каде е постапката, но ме радува што се отвора постапка за овој настан, кој е важен за академската заедница, пред се за студентите кои беа брутално исфрлени од просториите кои им припаѓаат и сакаа да спречат нерегуларни избори, плус беа нападнати од физички лица.  И што е многу важно, сето ова беше уредно пријавувано во полицијата, но полицијата не реагираше, за на крај полицијата да испрати припадници на ЕБР да ги истепаат пријавувачите. Посебно што сето тоа се случуваше на простор на УКИМ, кој според Уставот и законите е дел од автономијата на Универзитетот, вели за НОВА, Ивана Туфегџиќ, сега пратеничка во Собранието.

Ивана Туфегџиќ (Архива)

Таа вели дека снимките, исказите на сведоците и целата истрага треба да докажат како  Чавков ја издал таа наредба, и се надева дека Обвинителството конечно че ја врши својата работа и ќе ја утврди вистината за овој настан, кој како што вели е битен за правдата во државата.

На 30 јуни вечерта, гласањето за избор за студентски лидер, за кое Студентскиот пленум алармираше дека се спроведува незаконски, со многу прекршувања, притисоци и закани, Единиците за брзо распоредување на полицијата насилно влегоа во седиштето на СПУКМ каде што претставници од студентскиот пленум ја блокираа вратата од просторијата во која се приврзаниците на претседателот на Студентскиот парламент Кирил Спироски. Пред зградата дојдоа и голем број граѓани кои им се спротивставија на полицајците бидејќи кренале раце врз студентите. Некои од студентите кои беа дел од блокадата, беа присилно извадени од пред влезот на СПУКМ.

ЕБР за пет минути го расчисти теренот студентите се исфрлени надвор. Студентските избори кулминираа со насилство и бруталност. ЕБР  пред седиштето на СПУКМ пристигнаа со оклопни возила и со целокупна опрема.

Во 22 часот, пристигнала Единицата за брзо распоредување (ЕБР) со борни возила, кои тргнале кон студентите кои биле седнати  во просторијата. Полициските службеници насилно влегле во просториите на Студентски парламент, почнале да ги шутираат  и да ги удираат за да направат пат  за да влезат лицата со кутиите. Со  дрско однесување, навредувајки  ги, со употреба на сила ги истуркале надвор од просторијата. Откако ги истуркале надвор студентите, оформиле кордон пред кој стоеле студенти со дигнати раце, кои скандирале ” Стоп за полициска бруталност”. Најмалку еден  од службениците  извадил пендрак и удирал по присутните студентите.

Во кривичната пријава, во делот за конкретниот упад и насилството на полициските припадници, се наведува дека „во 22 часот, пристигнала Единицата за брзо распоредување (ЕБР) со борни возила, кои тргнале кон студентите кои биле седнати  во просторијата. Полициските службеници насилно влегле во просториите на Студенски парламент, почнале да ги шутираат  и да ги удираат за да направат пат  за да влезат лицата со кутиите. Со  дрско однесување, навредувајки  ги, со употреба на сила ги истуркале надвор од просторијата. Откако ги истуркале надвор студентите, оформиле кордон пред кој стоеле студенти со дигнати раце, кои скандирале ” Стоп за полициска бруталност”. Најмалку еден  од службениците  извадил пендрак и удирал по присутните студентите“.

Меѓу предложените сведоци на бруталноста освен пратеничката Туфегџич, се и претседателката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска,  актерката Ивана Павлаковиќ и новинарот Борјан Јовановски.

ЕБР Ивана Туфегџиќ Кривична пријава СПУКМ студенти Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.