Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каталонија без автономија, денес се спрема да прогласи независност

0
By Светлана Јовановска on October 27, 2017 СВЕТ
Мариано Рахој во шпанскиот Сенат
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 27, 2017 13:17

Шпанскиот премиер конзервативецот Мариано Рахој побара утринава од Сенатот дозвола да го смени претседателот на Каталонија Карлес Пучдемонт и целата влада на овој регион а Каталонија се подготвува денес да прогласи независност. Сенатот го прифати неговиот преллог.

Мариано Рахој во шпанскиот Сенат

Рахој побара “смена на претседателот на регионот Каталонија, потпретседателот и советниците” на регионалната влада. Говорот на Рахој беше пропратен со аплауз на сенаторите од кои најголем дел се членови на Народната партија на Рахој. Целта на ова барање е да се дозволи одржување на регионални избори во следните 6 месеци.

Мерката е без преседан во последните 40 години во Шпанија и значи дека Мадрид ќе раководи со Каталонија.

Каталонскиот Парламент ќе гласа денес Резолуција за независност

На ова се очекува одговор на каталонскиот Парламент кој заседава денес. Сепаратистичките партии, кои имаат мнозинство, предложија денес Резолуција во која се прогласува независноста на Република Каталонија.

Мирен отпор на Каталонците

Нема сомнение дека оваа драстична мерка на Мадрид ќе донесе силен отпор во Каталонија, но отпор кој биде мирен и ќе се состои од граѓанска непослушност. Каталонија е силно приврзана на својата регионална автономија што ја доби по падот на диктатурата на Франко во 1975 година.

Мерките се однесуваат не само на смена на регионалната влада туку и на полицијата и каталонските аудио-визуелни медиуми.

На овие најави веќе реагираше Европската федерација на новинари која побара од Мадрид да не се меша во независноста на медиумите.

Повеќе организации во Каталонија, поддржувачи на независноста, ги повикаа граѓаните на протести со слоганот: “Републиката чека, треба да ја браниме”.

Народната партија на Рахој не е многу популарна во Каталонија кадешто на последните избори доби нешто повеќе од 10 проценти гласови. Новите мерки ќе придонесат за намалување на рејтингот на оваа партија во Каталонија. Според многу набљудувачи, овие мерки ќе го зајакнат барањето за независност и кај оние Каталонци кои не се приврзаници на осамостојувањето.

Мерките на Мадрид се “агресија”

Пучдемонт веќе изјави дека мерките на Мадрид во себе кријат “желба за одмазда” на државата кон непослушниот регион. Тој вчера одби да свика регионални избори со што практично ја затвори портата што можеше да води во дијалог помеѓу двете завадени страни.

Каталонскиот Парламент денес ќе го даде својот одговор на мерките на Мадрид. Сепаратистичките партии, и од левата и од десната страна на политичкиот спектар, имаат 72 пратеници од вкупно 135, и не се откажуваат од намерата за независност. За нив, мерките на Мадрид се “агресија”.

Каталонија е најбогатиот шпански регион и учествува со 20 проценти во шпанскиот бруто внатрешен производ а еден и од најбогатите во ЕУ.

Засега ЕУ одлучи да не интервенира во оваа криза сметајќи дека станува збор за внатрешна работа на Шпанија. Но загриженоста на ЕУ за настаните во Шпанија е голема.

 

автономија Карлес Пучдемонт Каталонија каталонски Парламент Мариано Рахој независност Република Каталонија член 155 Шпанија шпански Сенат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 28, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

ВЕСТИ June 28, 2026

Иранската паравоена единица на Револуционерната гарда денеска ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на…

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

June 27, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.