Граѓанската асоцијација МОСТ, според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии, информира за забележани повеќе неправилности на гласачките места како: гласање со придружба, непочитување на постапката на гласање и реакција од избирачките одбори, технички проблеми со изборниот материјал и непочитување на постаката на гласање од страна на гласачи.
На гласачкото место 1238 и 1239, општина Демир Капија, забележани се поголем број лица кои гласаат со придружба, 21 во првиот и 23 случаи во вториот случај. Избирачките одбори ја почитувале постапката и ги евидентирале имињата на лицата кои помагале во дневникот од Избирачкото место.
Непочитување на постапката на гласање и реакција од избирачките одбори
На гласачките места 2957 и 2958, општина Шуто Оризари, забележани се по 5 случаи на семејно гласање, додека пак на ГМ 2959, исто во општина Шуто Оризари, забелжани се 8 вакви случаи.
На гласачките места 2929 и 2930 во општина Бутел, два гласачи се потпишале на несоодветно место во избирачкиот список. Избирачките одбори направиле записници за двата случаи.
На гласачкото место 2955, општина Шуто Оризари, 3 случаи во кои членовите на ИО им помагале на лица да гласаат и им укажувале за кого да гласаат.
На гласачкото место 0223, с. Мојно, општина Могила, член на ИО му помогнал на едно лице да гласа.
На гласачкото место 0440, с. Неготино, општина Врапчиште, УВ ламбата не функционира од 13 часот. ОИК не била известена за ова, а гласањето не било прекинато.
На гласачкото место 0886, с. Бање, општина Чешиново-Облешево, гласач одбил да биде обележан со невидливо мастило и му било дозволено да гласа.
Технички проблеми со изборниот материјал
На гласачкото место 2960, општина Шуто Оризари, гласањето било прекинато во период од половина час поради тоа што УВ ламбата не функционирала. Направен бил записник, а гласањето продолжило.
На гласачкото место 2949, општина Бутел, гласањето било прекинато во период од 20 минути поради тоа што УВ ламбата не функционирала. Член на ИО набавил нова ламба од ОИК, направен бил записник и гласањето продолжило.
Непочитување на постаката на гласање од страна на гласачи
На гласачкото место 2928, општина Чаир, Гласач го фотографирал глсачкото ливче, повикана била полиција и гласањето било на кратко прекинато. ИО направил записник за случајот.