НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски си го бара пасошот за да оди кај Орбан

0
By Нова ТВ on October 30, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска не се појави на јавната седница во Апелацискиот суд, каде што неговите адвокати побараа да му биде вратена патната исправа, а која што му беше одземена со решение на Кривичниот суд, по барање на СЈО како обвинет во случајот Титаник.

Адвокатите на Груевски, Димитар Дангов и Боро Тасевски пред судот посочија дека враќањето на пасошот не му е потребно на Груевски како личност, туку дека одземениот пасош било деградација за него како лидер, но и за неговата партија, со што ќе се придонело до изолација на партијата.

Адвокатот Дангов се повика и на судската пракса од  пред две години кога му беше вратен пасошот на тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев, како обвинет во случајот „Поткуп“.

– Ако во тој речиси идентичен случај, судот одлучил да му се врати пасошот, зошто мерката за Груевски сега по две години да опстојува, рече Дангов, кој на судот и на СЈО им предочи и писмени докази од кои едниот со тековната состојба за имотот на лидерот на ДПМНЕ, и проложи и покана од унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој што го вика на гости Груевски.

Обвинителката Лиле Стефанова од СЈО пак истакна дека обвинителството останува на ставот, Груевски да остане без својот пасош и да остане на сила обврската да се јавува во судот еднаш неделно.

Таа се повика на судската пракса, па истакна дека во идентичен случај кога лидер на опозиција беше обвинет за изборни манипулации, посочувајќи го случајот Кампања, во кој обвинет и осуден беше Љубе Бошковски се случило дури и полошо сценарио, односно Бошковски бил во притвор.

Токму, затоа обвинителката побара жалбата на Груевски да биде одбиена.  Апелациониот суд има рок од 48 часа до донесе одлука.

„Титаник“ Апелација Виктор Орбан Груевски пасош СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.