НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпанската правда го бара Пучдемонт кој денес допатува во Брисел

0
By Нова ТВ on October 30, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шпанскиот обвинител поднесе тужби против членовите на каталонската влада поради “бунт” и предизвикување на институционалната криза која доведе до прогласување на независноста. “Бунт” е еден од најтешките престапи во Шпанија и може да донесе 30 години затвор, исто онолку колку е терористички акт или убиство.

Помеѓу обвинетите е и сега екс претседателот на каталонската Влада Карлес Пучдемонт кој од утринава се наоѓа во Брисел.

Обвинението против членовите на каталонската Влада се однесува и на “непослушност и проневера”. Обвинителот во тужбата вели дека овие лица треба итно да бидат повикани на разговор а ако не се појават да бидат приведени.

Судијката Кармен Ламела треба да одлучи дали тужбата може да биде прифатена.

Пучдемонт ги повика своите поддржувачи мирно да му се спротивстават на Мадрид во обидите да ја преземе контролата на каталонските институции. Според нив, “Пучдемонт е и ќе биде претседател”, напиша неговиот потпреседател Ориод Јункерас во каталонски медиум.

И додека шпанската правда го очекува Пучдемонт да се појави на суд, тој денес допатува во Брисел. Цел на неговата посета е “одржување на политички контакти”, тврди шпанскиот весник El Periodico. Некои извори велат дека Пучдемонт е во Брисел на консултации со адвокати.

Белгискиот министер за азил и миграција Тео Франкен викендов изјави дека Пучдемонт би можел да побара азил во Белгија по одлуките на шпанската Влада. Министерот исто така се прашува дали Пучдемонт, со оглед на однесувањето на Мадрид, би имал праведно судење во Шпанија.

Франкен е член на националистичката фламанска партија НВА која не ги крие своите сепаратистички амбиции и е една од ретките партии во ЕУ што го поддржува каталонското барање за независност.

Партијата на Пучдемонт најави денес дека ќе учествува на регионалните избори што за овој регион ги распиша Мадрид на 21 декември, откако ја презеде контролата врз Каталонија.

“На 21 ќе одиме на избори, ќе одиме одлучно бидејќи сакаме да му дозволиме на каталонското општество да се изјасни”, изјави портпаролот на партијата ПДеКАТ Марта Паскал.

Брисел Карлес Пучдемонт Каталонија обвиненија Тео Франкен Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.