Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски нема да оди кај Орбан, Апелација не му го врати пасошот

0
By Нова ТВ on October 31, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 31, 2017 12:53

Апелација донесе одлука да не му го врати пасошот на Никола Груевски.

Со одлуката, се одбива барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој си го бараше пасошот од судот, бидејќи му требало да излегува од земјата, а како доказ за тоа вчера неговите адвокати ја приложија поканата од унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Груевски е првообвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности заедно со неговите сопартијци и поранешни министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Адвокатите на Груевски, Димитар Дангов и Боро Тасевски вчера на јавната седница на Апелација на која не присуствуваше Груевски, посочија дека враќањето на пасошот не му е потребно на Груевски како личност, туку дека одземениот пасош било деградација за него како лидер, но и за неговата партија, со што ќе се придонело до изолација на партијата.

Адвокатот Дангов се повика и на судската пракса од  пред две години кога му беше вратен пасошот на тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев, како обвинет во случајот „Поткуп“.

– Ако во тој речиси идентичен случај, судот одлучил да му се врати пасошот, зошто мерката за Груевски сега по две години да опстојува, рече Дангов, кој на судот и на СЈО им предочи и писмени докази од кои едниот со тековната состојба за имотот на лидерот на ДПМНЕ, и проложи и покана од унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој што го вика на гости Груевски.

Обвинителката Лиле Стефанова од СЈО пак истакна дека обвинителството останува на ставот, Груевски да остане без својот пасош и да остане на сила обврската да се јавува во судот еднаш неделно.

Таа се повика на судската пракса, па истакна дека во идентичен случај кога лидер на опозиција беше обвинет за изборни манипулации, посочувајќи го случајот Кампања, во кој обвинет и осуден беше Љубе Бошковски се случило дури и полошо сценарио, односно Бошковски бил во притвор.

Токму, затоа обвинителката побара жалбата на Груевски да биде одбиена.

„Титаник“ Апелација Никола Груевски пасош СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.