Министерот за правда, Билен Саљији очекува деновиве да биде испратено до Грција барањето за екстрадиција на бегалците, Горан Грујевски и Никола Бошковски. Потребните документи за да бидат испорачани бегалците веќе биле добиени, откако Кривичен ги испрати потребните списи.
СЈО вчера информираше дека во прилог на барањето за екстрадиција се наведени сите обвиненија за кои се гони неразделниот двоец од УБК, како и предистражни постапки кои не сакаа да ги откријат. Грујевски и Бошковски се во притвор близу Солун, откако беа фатени со лажни бугарски пасоши, во обид да стигнат до Унгарија.
„Министертството за правда по добивањето на известувањето на МВР, до надлежен суд достави барање за докомплетирање на предметот. По овие информации судот веќе ги доставил потребните информации и деновиве ќе биде потпишано и официјално барањето за екстрадиција на двете осомничени лица, изјави министерот Саљији.