Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Завршни зборови во Тврдина 2

0
By Соња Трајковска on November 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 6, 2017 09:00

За денеска се закажани завршните зборови на обвинителите од СЈО и од одбраната во случајот за уништување на 2.047 службени списи, од кои 22 се однесуваат на системите за следење на комуникациите, во случајот познат како Тврдина 2.

Откако беше одбиено барањето на одбраната на првообвинетиот во „Тврдина 2“, екс началникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски да биде одложено судењето поради процесот на екстрадиција, судијката Лидија Петровска го одби и барањето на одбраната за проширување на доказната постапка.

Доказната постапка во случајот Тврдина 2 која заврши минатата недела, се одвиваше околу час и половина без присуство на јавноста, поради декласифицираните докази добиени од УБК, кои ги побара Специјалното јавно обвинителство.

Специјалната обвинителка Ленче Ристоска, по минатонеделната расправата во судот изјави дека тие се комплетно убедени дека судот ќе донесе осудителна пресуда, бидејќи имаат уверливи докази.

Одбраната на Грујевски и понатаму тврди, како што изјави адвокатот Љупчо Шврговски, дека несфатливо е зошто на Грујевски му се суди во отсуство кога се знае каде бил во моментов, односно дека е во притвор во затвор во Солун. Воедно Шврговски рече дека решението на судијката Петровска, ќе биде предмет на жалба бидејќи не дозволила одбраната да побара копии од документацијата која била уништена од БЈБ и УБК.

Судијката денеска го отфрли барањето на адвокатот Грујевски, судењето да се одложи до екстрадицијата и одлучи да му се суди во отсуство.

Во „Тврдина 2“, првобовинет е ексначалникот на Петтата управа, Горан Грујевски, со уште шест службенички во УБК.

Кон средината на октомври, Горан Грујовски и Никола Бошкоски и двајцата обвинети од СЈО кои беа во бегство, уапсени се во Солун.

Тие се бараа со меѓународна потерница, по што беа приведени.

Горан Грујевски завршни зборови СЈО Тврдина 2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.