НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема огрев за училиштата во Велес, Чадиев не распишал тендери

0
By Нова ТВ on November 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

https://www.facebook.com/opshtinaveles/videos/1442240482560241/

Градоначалниот на Велес Аце Коцевски денеска на прес конференција укажа на алармантниот проблем со недостаток на греење во неколку основни училишта, во градот и во околните села.

Како што рече Коцевски поради неодговорност на претходната локална власт, не биле распишани тендерски постапки за набавка на гориво за општинското основно училиште „Васил Главинов“ во Велес и четири подрачни улилишта во неколку села.

Коцевски рече дека денеска е отстранет дефектот на системот за греење во училиштето во градот и од денеска таму има греење.

За четири подрачни основни училишта, решението на проблемот со греењето ќе оди тешко, бидејќи како што рече Коцевски не зе обезбедени дрва и не може да се обезбедат во скора иднина, бидејќи нивните сметки се блокирани поради долгови и неспроведена тендерска постапка навреме.

– Решението засега е договор со приватна компанија од Велсе да се позајми огревно дро за да се премости периодот, па по тендерската процедура да им се врати. Во спротивно ќе требаше да ја прекинеме наставата, рече Коцевски.

Сериозен  пробем има и со топловодниот систем во општнското средно училиште „Коле Неделковски“, дополнително и од еколошка гледна точка, бидејќи, како што рече Коцевски, има голем дефект на цевка која собира голема количина гориво кое истекнува во почвата и со тоа во подземните води во делот Узус кон реката Вардар.

Коцевски на прес конференцијата објавид ека според информациите што ги имаат моментално општината е во најголеми долгови од постоењето.

-Со голема веројатност дека бројкте се тие, вкупните долгови се 169 милион 197 илјади 606 денари или 2 милиони 751 илјади 180 евра.Најголем дел се кон комуналните пртетпријатија, кон градежните фирми од Велес и други добавувачи и кон превозници на улениците, рече Коцевски.

На првата средба со новинарите денеска тој говореше за, како што рече, многу неодговорно и расипничко однесување на некои од вработените, а посебно го спомна случајот со актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

-Илија Димовски кој имал привилегија вработен во општината а потоа префрлен во противпожарната служба, да му биде личен возач. Ако на Димовски како пратеник му следувало службено возило, тоа ќе го добиел од Собрание. Вака, користејќи услуги на вработен, штимајќи ги податоците како да го вози градоначалникот, сериозно е оштетен буџетот на Општина Велес, речеКоцевски.

На крајот, Коцевски укажа дека има индиции дека двајца вработени во општинската администрација учествувале во крвавите настани од 27 април и доколку тоа се потврди за точно, според видео записите и доколку има основи ќе има соодветни постапки ако се докаже дека тие насилнички се однесувале, рече тој.

Аце Коцевски греење долгови Славчо Чадиев тендери училишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.