Алијансата за Албанците останува во владината коалиција, изјави портпаролот на партијата Флакрон Беџети. Тоа, како што изјави за МИА, било потврдено на викенд средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.
– Средбата беше конструктивна, во позитивен дух, на која меѓу другото се разговараше за продолжување на реформите, со заедничка посветеност на реформската влада. Алијансата за Албанците продолжува да биде дел од Владата со оние позиции кои претходно беа договорени во составот на парламентарното мнозинство и создавањето на реформската влада, изјави Беџети.