НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичниот суд ги прифати обвиненијата за „Тарифа“ и „Траекторија“

2
By Нова ТВ on November 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Совет за оценка на обвинителен акт на Кривичниот суд ги прифати обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство за случаите „Тарифа“ и „Траекторија“. Судските рочиштата дополнително ќе бидат закажани.

Во  случајот „Тарифа“се опфатени се седум лица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Овој случај се однесува на постапката по јавна набавка на софтвер – ЕРП Систем за потребите на АД ЕЛЕМ. Осомничените лица со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација. Вредноста на склучениот договор за јавна набавка е 4.092.420 евра, соопшти тогаш СЈО.

Дел од осомничените лица неосновано одобриле исплати на парични средства на име лиценци за одржување на софтверот, спротивно на посебните услови од договорот на јавна набавка, каде е предвидено дека плаќањето на име лиценци за одржување на софтверот ќе се изврши во гарантен и постгарантен период, а кој период никогаш не започнал да тече, бидејќи системот не бил имплементиран, со што причиниле штета во износ од 456.560 евра.

Во случајот „Траекторија“ отворена е истрага против четири високи владини функционери што во 2012 и 2013 години при процедурата за избор на изведувач за градење на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид не ги почитувале правилата за спроведување тендер и дозволиле една компанија незаконски да добие имотна корист. Овие лица, во постапката за барање најдобар изведувач, спротивно на правилата за јавни набавки и спротивно на условите на кинеската влада и кинеската „Ексим банка“, избрале изведувач што имал поскапа понуда од втората компанија што конкурирала на тендерот.

Во јануари 2013 година, високите владини службеници, иако биле доставени две понуди, разгледувале и одлучиле само за една. Понудата на компанијата која доставила пониска понуда, била скриена, по што бил склучен договор само со компанијата која имала повисока понуда. И тука се работи за злоупотреба на службената положба и овластување, велат од СЈО.

Во овој случај обвинети сe поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Ексим банка Кривичен суд обвиненија СЈО тарифа Траекторија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.