Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ќе го менува законот за сведоци, СЈО ова го бара две години

0
By Нова ТВ on November 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 16, 2017 09:23

Владата на синоќешната седница усвои Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци. Целта на оваа предложена законска измена е да се обезбедат услови за спроведување на Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, соопшти владината прес-служба.

СЈО уште од лани во јануари го покрена прашањето за измени во овој закон, но сите обиди ваков закон да биде усвоен во Собранието, не успејаа.

Што бараше СЈО?

Од ова Обвинителство, кое произлезе од Пржинскиот договор и е поврзано со делата кои произлегуваат од „бомбите“, укажуваа дека иницијативата е со цел да се излезе пресрет на барањата на оние кои сакаат да бидат заштитени сведоци да добијат поголеми гаранции за заштитата на нивниот идентитет. Во голема мерка овие стравувања на потенцијалните заштитени сведоци произлегуваат од блискоста и поврзаноста на поединци во институциите чии претставници се дел од Советот за заштита на сведоци со политичките структури кои согласно мандатот на Специјалното обвинителство се опфатени во истрагата која ја води оваа независна институција.

-Специјалното јавно обвинителство се соочува со проблеми за да одговори на барањата на заштитените сведоци кои се пријавуваат да сведочат во предметите кои ги превзема оваа институција со мандата да ги расчисти сомневањата за сторени кривични дела кои произлегоа од објавата на нелегално прислушуваните разговори, посочуваа од СЈО.

Детали од предлогот на СЈО: премногу луѓе знаат кој е заштитен сведок

Со овие измени тие ќе бараа ингеренции за определување на статусот на заштитен сведок во предметите кои ги води ова обвинителство.

Според постоечкиот закон, одлуката за доделување на статусот заштитен сведок ја донесува Совет за заштита на сведоци. Како што е предвидено со членот 6 од овој закон Советот е составен од пет члена – претставник на Врховниот суд од редот на судиите, претставник од Јавното обвинителство од редот на замениците јавни обвинители, директорот на Управата за извршување на санкциите во Министерството за правда, претставник од МВР и раководителот на Одделението во МВР.

Случајот Крпач

Откако во октомври лани, Собранието гласаше против иницијативата за имени на овој закон поднесен од обвинителката Катица Јанева, предлог за измени на овој закон, со идентична содржина поднесе пратеникот од Демократскиот сојуз Павле Трајанов, кого Собранието не го прифати. Трајанов тогаш отворено говореше дека власта (предводена од ВМРО ДПМНЕ) се плаши од заштитените сведоци.

СЈО долго беа осамени во битката за заштита на сведоците, поради тоа што партиите нема голем интерес за изгласување на измените на законите.

Прашањето повторно го актуелизираше смртта на Коста Крпач дел од случајот Трезор на СЈО, кого полицијата го пронајде починат во неговиот стан и за кого ОЈО тврди дека се самоубил. Тој се најде на листата на аболирани  од  Иванов и се поврзува со бомбата број 15, односно со набавката и митото за израелската опрема за прислушување, односно, сведочел во Специјалното обвинителство за отворениот предмет „Тврдина“.

Од СЈО изјавија дека Крпач воопшто не бил осомничен во ниеден предмет туку се пријавил за сведок, па оттаму е нејасно зошто Иванов го аболираше.

Портпаролка на СЈО,  Ленче Ристовска тогаш истакна дека тој со изјава им укажал дека примал закани, но за тоа какви и од кого не прецизираше, со цел да не се попречи истрагата и за неговата смрт која ја води Основното обвинителство.

-Ние имаме изјава од лицето Коста Крпач со која ни укажува дека постоеле такви закани, за тоа е известено Јавното обвинителство, доказите кои ги поседуваме се тука кај нас, меѓутоа доставени се и до нив сите релевантни информации кои можат да им послужат.  Кога ќе заврши предистражната постапка јавноста ќе биде известена за сите околности за овој случај, реле Ристовска во јуни минатата година.

Влада измени на законот за заштита на сведоци Коста Крпач Павле Трајанов СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.