НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иста мета, исто растојание: Шкендија гази, Вардар ја брка

0
By Нова ТВ on November 16, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Без промени на врвот на табелата во прволигашката конкуренција по мечевите од 15 рунда. Водечките „црвено-црни“ запишаа нови победи и останаа на исто растојание како и пред денешните настапи во Кратово, односно, Тетово. Шкендија со 2:0 славеше над Силекс, а Вардар со 5:2 триумфира против Ренова.

Стрелци за тетовци беа Бразилецот Жуниор во 50 минута и репрезентативниот напаѓач Бесарт Ибраими во 74 минута. Голеадата за вардарци, пак, под Шара ја почна Велија со автогол во петтата минута по што до паузата погодија уште Блажевски од пенал во 13 минута, Максимов во 30 минута и Фелипе во 45 минута. Печат на трите бода за тимот на Чедомир Јаневски стави Итало во 90 минута. Двете реализации за домашните беа дело на Арѓент Гафури во 26 минута и во 32.

Седум гола видоа и гледачите во Битола, но незадоволни го напуштија стадионот „Под Тумбе кафе“. Академија Пандев ги понесе бодовите за Струмица по триумфот над „зелените“ со 4:3. Половина од головите за гостите ги постигна Балдовалиев во 34 минута и во 47, Вареловски „стрелаше“ во 18., а Стоилов во 52 минута. По еден за поразената екипа запишаа Трифуновски (шеста минута), Попзлатанов во 56. и Ковачев во 82.

Ефикасни беа и фудбалерите на Работнички. „Црвените“ од Градски парк ја совладаа Победа со 4:0 со два гола на Џефри Чинеду во 30 минута и во 56. и по еден на Маркоски во четвртата минута и на Сержињо во 74.

Прволигашки фудбал попладнево немаше единствено на Железарница (Скопје – Шкупи) поради лошата состојба на теренот по обилните врнежи од дожд.

Прва лига, 15. коло

Резултати

Силекс – Шкендија 0:2

Ренова – Вардар 2:5

Пелистер – Академија Пандев 3:4

Работнички – Победа 4:0

Обилните врнежи од дожд го одложија мечот меѓу Скопје и Шкупи

Табела: Шкендија 37, Вардар 26 (-2), Академија Пандев 24 (-1), Силекс 22, Работнички 19 (-1), Ренова 17, Пелистер 15, Шкупи 15 (-1), Победа 15, Скопје 9 (-1).

Идно коло (19.11.2017 год.): Шкендија – Скопје, Вардар – Пелистер, Академија Пандев – Работнички, Победа – Силекс, Шкупи – Ренова

Вардар Прва лига фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.