Поучени од искуството со Нејмар во летниот преоден рок, Барселона не сака да дозволи нов случај како со Бразилецот во иднина. Поготово не кога е во прашање првата ѕвезда на екипата од „Камп Ноу“, Лионел Меси. Затоа раководството на Каталонците подготвува доживотен договор за Аргентинецот како што минатиот месец направи и со Андрес Иниеста.
Изминатите месеци се погласни станаа шпекулациите за можно заминување на Меси. Интерес за неговите услуги пројавија голем број европски гиганти, пред се Манчестер сити, кои можат да голема сума на пари за привлекување на аргентинскиот фудбалски волшебник како што беше случај со ПСЖ и Нејмар.
Меси, пак, претходно порача дека сака да ја заврши кариерата во Њуелс Олд Бојс, негов клуб од детството.