Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

В. Стојановски: Нов почеток по двете лоши лета за македонската кошарка

0
By Нова ТВ on November 20, 2017 СПОРТ
Фото: mkf.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 20, 2017 13:00

Селекторот Јорданчо Давитков ја собра кошаркарската репрезентација на Македонија за мисијата ЕП 2021, но поради очајните настапи во изминатите две години ќе мора да мине трнлив пат за место на завршниот турнир. „Црвено-жолтите“ овојпат почнуваат од претквалификациите во кои за ривали во групата ги имаат Словачка и Швајцарија. Првиот настап е веќе во недела (18 ч.) во Попрад против Словаците, три дена подоцна националниот тим ќе биде домаќин на Швајцарците.

„Ова е нов почеток за чекор напред по двете лоши лета за македонската кошарка. Претквалификациите ги почнуваме со Словачка, доста незгодна селекција, со која неодамна одигравме два меча. Треба добро да се подготвиме оти сите сме свесни за незавидната позиција во која западнавме. Притисок е присутен што е нормално. Знаеме што значи, но овојпат навистина мораме“, порача Војдан Стојановски, капитен на репрезентација по денешниот собир во Скопје.

На првиот рапорт кај селекторот Јорданчо Давитков се појавија 15 кошаркари. На располагање се ставија Дамјан Стојановски, Војдан Стојановски, Александар Костоски, Бојан Крстевски, Ненад Димитриевиќ, Дарко Соколов, Димитар Караџовски, Бобан Стајиќ, Адем Мекиќ, Андреј Магдевски, Стојан Ѓуроски, Кирил Николовски, Љубомир Младеновски и Бојан Трајковски. Но, кратко по појавување Трајковски го напушти друштвото. Од комбинација за неделниот дуел во Попрад, поради повреди, отпаѓаат ветераните Ѓорѓи Чековски и Димче Тасовски, а во циклусот се влекува и без натурализиран репрезентативец.

„Дефинитивно ќе играме без странец. Ќе видиме каква ќе биде повредата на Чековски од што ќе зависи и неговиот статус. За Трајковски знам дека треба да биде дел од нас, но не знам зошто не тренира сега. Репрезентацијата ќе биде подмладена со кошаркари кои треба да прераснат во лидери во иднина. Решени сме да одиграме најдобро што можеме и знаеме, а што тоа ќе донесе ќе видиме по двата натпревара што следуваат“, истакна селекторот Давитков.

По дуелите со Словачка во недела во гости и со Швајцарија во среда на домашен терен, ќе следува тримесечна пауза во циклусот. На 25 февруари догодина е закажан реваншот со Словаците, а на 28 јуни и со Швајцарците.

ЕП 2021 Јорданчо Давитков кошарка Македонија репрезентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.