Кошаркарската федерација на Турција се откажа од намерата да биде домаќин на Светското првенство во 2023 година. Предвидениот буџет за кандидатура и организација на завршниот турнир ќе претрпи ребаланс, па средствата ќе бидат пренасочени за развој на кошаркарските центри во земјата и популаризација на играта во региони во кои не беше приоритетен спорт.
По повлекувањето на Турција која беше домаќин на СП 2010 и на ЕП 1959, ЕП 2001 и на ЕП 2017, во игра за организација на кошаркарскиот мундијал по пет години останаа три кандидатури. Една е самостојна и потпишана е од Русија, другите две се заеднички – на Аргентина и Уругвај и на Индонезија, на Јапонија и на Филипини.