НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Борисов: Историска шанса за напредок во евроинтеграциите

0
By Нова ТВ on November 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов на денешната заедничка конференција, зборувајќи за резултатите од заедничката седница на владите на двете земји што денеска се одржа во Струмица, се согласија дека билатералните односи во моментов претставуваат и историска одговорност за евроинтеграциите.

Заев во своето обраќање истакна дека со заедничката седница, владите на двете земји застануваат една до друга во ефектуирање на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и дека со изразената политичка волја се активира „уште еден од моторите кои треба да го повлечат целиот регион напред“.

– Оваа свест што ја имаме како влади, за нашата историска одговорност, да одговориме на моментот што отвора перспективи, е значајна за нашите билатерални односи, е значајна за евро-интеграциите на Македонија и значајна за евро-интеграциите на регионот. Но, пред сѐ и над сѐ, почитувани граѓани на двете држави, ние, како политички раководства, испраќаме силна порака во регионот и во светот: дека вака се гради пријателство, вака се негува добрососедство, вака се развива соработката, вака се сакаат своите граѓани, и вака се обезбедува долгорочна стабилност – истакна Заев.

Премиерот информираше дека на заедничката седница се разговарало за продлабочување на соработката во областа на економијата, енергетиката, инфраструктурата, прекуграничната соработка, потребните реформски процеси за европските и евро-атлантските интеграции.

– Определени сме да ги зајакнеме трговско-економските врски преку бизнис контакти, бизнис форуми, саеми и слично. Промовираме патувањата на туристи од трети земји, вклучувајќи и развивање заеднички туристички производи. Ги истражуваме можностите за развој на нова директна врска за гас меѓу државите и дополнително снабдување со гас за двете земји, регионот на ЈИЕ и ЕУ.  Високо ги цениме аранжманите помеѓу двете влади за развојот на Коридорот 8, чијашто реализација е во насока на поддршка на еден од нашите заеднички приоритети за поврзување, а со тоа и можност за билатералниот и регионалниот економски развој. Заедно ќе работиме на решавање на новите безбедносни предизвици, вклучително и тероризмот, кибер и хибридни закани, како и управувањето со миграциските текови, земајќи ги предвид економските, социјалните, хуманитарните и политичките димензии на секој од предизвиците, рече Заев меѓу другото.

Во продолжение на своето обраќање пред медиумите, претседателот на Владата рече дека е договорена надградување на соработката, насочена кон успешната подготовка на Република Македонија за пристапување во ЕУ и НАТО, и нејзино интензивирање за време на претстојното претседавање на Република Бугарија со Советот на ЕУ.

– Ќе имаме редовни консултации за важни прашања од надворешната политика и политиката за безбедност, и за други прашања од заеднички интерес на ниво на министерства и дипломатски претставништва во ЕУ и НАТО, рече тој.

Борисов пак, во своето обраќање на прес конференцијата истакна дека во целост ги поддржува спогодбите, декларацијата, како и приоритетите за кои говореше неговиот колега.

Тој нагласи дека претстои период, кога Република Бугарија ќе го земе претседавањето со ЕУ, да се направи сериозен исчекор на земјите од Западен Балкан во пристапувањето на унијата, вклучувајќи ја и Република Македонија.

– За таа цел ќе биде од огромен придонес и реализацијата на договорените проекти на заедничката седница во Струмица, особено иницијативите за економска, инфраструктурна и енергетска соработка. Овие проекти во голема мерка ќе учествуваат во благосостојбата на граѓаните на двете земји и на тој начин ќе ги охрабрат и политичките лидери да ги направат неопходните чекори за продлабочување на соработката, која што ќе биде сигнал за Брисел да ги отвори вратите на ЕУ многу побргу, истакна премиерот Бојко Борисов на прес конференцијата.

Во име на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов на општина Струмица и ја предаде донацијата – возило за лица со посебни потреби.

Борисов Бугарија Заев Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.