НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јаневски: Одбранетиот пенал ни даде елан, но голот дојде доцна

0
By Нова ТВ on November 24, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фудбалерите на Вардар запишаа нов, петти, пораз во дебитантското учеството во групната фаза во Лига Европа. Освојувачот на УЕФА купот и Суперкупот од 2008 го совлада македонскиот првак со 2:1 и остана на лидерската позиција во Л конкуренција и заедно со Реал Сосиедад осигура меѓународна пролет.

Вардар изгледаше солидно на „Крестовски“ стадионот во Санкт Петербург. Иако загубија на крајот, „црвено-црните“ не се загубија во желбата да бидат достоен партнер на фаворизираниот домаќин не само за трите бода во мечот туку и како еден од кандидатите за трофеј во натпреварувањето.

Првата капитулација ја потпишаа во 16. минута во која Дмитри Полож обезбеди водство за рускиот премиерлигаш. Домашните во 27 минута имаа прилика и за 2:0, но Гачевски го прочита ударот на Ѕјуба од белата точка. Одбранетиот пенал го подигна еланот во составот на Чедомир Јаневски, но реализација изостана. Наместо тоа, Зенит преку Ригони во 43 минута успеа до дуплирање на предноста за многу покомотен пристап и настап во продолжението.

„За добар резултат во Санкт Петербург треба да бидете и добро организирани и да не правите грешки. Не сакавме да примиме гол во почетните 15 минути што, сепак, се случи иако не беше многу тешко да се одбрани. Мораше да има подобра реакција. Одбранетиот пенал беше клучен да веруваме дека можеме до нешто повеќе до крајот. Ни даде позитивна енергија, но наместо да одиме на одмор со еден постигнат гол, ние отидовме со два примени. Се подобривме во вториот дел и во играта и во поседот на топка, на моменти бевме и поопасни, успеавме да дадеме и гол што дојде доцна“, е коментарот на Јаневски по мечот.

Двата гола на домашните и нивниот конечен триумф паднаа во сенка во судиското екстра време. Дејан Блажевски се погрижи да излезе во преден план со, можеби, најефектниот гол во групната фаза од натпреварувањето. Нафрлената топка од корнер му „легна“ на вардаровиот напаѓач кој „распали“ без размислување и успеа да го совлада Лодигин за 2:1 и за втор гол на „црвено-црните“ во групата (првиот го постигна Фелипе против Розенборг), но за втор во мечот беше доцна. Педантниот судија од Белгија набрзо потоа означи крај на средбата за почеток на прославата на Зенит за успешен трансфер во нокаут фаза. Вардарци, пак, ќе трагаат по историски бод(ови) во ЛЕ на 7 декември во домашниот настап против Розенборг во последното шесто коло.

Зенит – Вардар 2:1 (2:0)

Стадион: „Крестовски“ во Санкт Петербург. Гледачи: 38,200. Гл. судија: Барт Фертентен. Асистенти: Рин Фанизере и Тибо Нијсен (сите тројца од Белгија). Ж. картони: Терентјев (Зенит); Хамбарѕумјан, Демири (Вардар). Стрелци: Полож 16′, Ригони 43′ за Зенит; Блажевски 90’+3′ за Вардар.

Зенит (формација: 4-3-3): Лодигин – Жирков, Мамана (Карпов 87′), Мевља, Терентјев – Ерокин, Нобоа, Шатов (Дриуси 46′) – Ригони, Ѕјуба (Краневитер 73′), Полож. Тренер: Роберто Манчини.

Вардар (формација: 4-2-3-1): Гачевски – Демири, Новак, Грнчаров, Хамбарѕумјан – Марковиќ, Николов – Џигаури (Петковски 90’+2′), Фелипе, Барсегјан (Стојчевски 85′) – Итало (Блажевски 79′). Тренер: Чедомир Јаневски.

Лига Европа, 5 коло

Резултати

Група А: Макаби Тел Авив – Славија Прага 0:2, Астана – Вилјареал 2:3.

Табела: Вилјареал 11, Славија Прага 8, Астана 7, Макаби Тел Авив 1.

Идно коло (7 декември): Славија Прага – Астана, Вилјареал – Макаби Тел Авив.

Група Б: Партизан – Јанг Бојс 2:1, Скендербег – Динамо Киев 3:2.

Табела: Динамо Киев 10, Партизан 8, Скендербег 5, Јанг Бојс 3.

Идно коло (7 декември): Динамо Киев – Партизан, Јанг Бојс – Скендербег.

Група Ц: Брага – Хофенхајм 3:1, Лудогорец – Истанбул Башакшехир 1:2.

Табела: Брага 10, Лудогорец 8, Истанбул Башакшехир 5, Хофенхајм 4.

Идно коло (7 декември): Истанбул Башакшехир – Брага, Хофенхајм – Лудогорец.

Група Д: Милан – Австрија Виена 5:1, АЕК – Риека 2:2.

Табела: Милан 11, АЕК 7, Австрија Виена 4, Риека 4.

Идно коло (7 декември): Риека – Милан, Австрија Виена – АЕК.

Група Е: Евертон – Аталанта 1:5, Олимпик Лион – Аполон 4:0.

Табела: Аталанта 11, Олимпик Лион 11, Аполон 3, Евертон 1.

Идно коло (7 декември): Аталанта – Олимпик Лион, Аполон – Евертон.

Група Ф: Шериф Тираспол – Жлин 1:0, Локомотив Москва – Копенхаген 2:1.

Табела: Шериф Тираспол 9, Локомотив Москва 8, Копенхаген 6, Жлин 2.

Идно коло (7 декември): Копенхаген – Шериф Тираспол, Жлин – Локомотив Москва.

Група Г: Лугано – Хапоел Бер Шева 1:0, Викторија Плзен – ФЦС Букурешт 2:0.

Табела: ФЦС Букурешт 10, Викторија Плзен 9, Лугано 6, Хапоел Бер Шева 4.

Идно коло (7 декември): ФЦС Букурешт – Лугано, Хапоел Бер Шева – Викторија Плзен.

Група Х: Келн – Арсенал 1:0, БАТЕ Борисов – Црвена звезда 0:0.

Табела: Арсенал 10, Келн 6, Црвена звезда 6, БАТЕ Борисов 5.

Идно коло (7 декември): Црвена звезда – Келн, Арсенал – БАТЕ Борисов.

Група И: Салцбург – Виторија Гимараеш 3:0, Конјаспор – Олимпик Марсеј 1:1.

Табела: Салцбург 11, Олимпик Марсеј 7, Конјаспор 5, Виторија Гимараеш 4.

Идно коло (7 декември): Виторија Гимараеш – Конјаспор, Олимпик Марсеј – Салцбург.

Група Ј: Естерсундс – Зорја 2:0, Атлетик Билбао – Херта 3:2.

Табела: Естерсундс 10, Атлетик Билбао 8, Зорја Луханск 6, Херта 4.

Идно коло (7 декември): Херта – Естерсундс, Зорја Луханск – Атлетик Билбао.

Група К: Ница – Зулте Варегем 3:1, Лацио – Витесе 1:1.

Табела: Лацио 13, Ница 9, Зулте Варегем 4, Витесе 2.

Идно коло (7 декември): Витесе – Ница, Зулте Варегем – Лацио.

Група Л

Зенит – Вардар 2:1

Розенборг – Реал Сосиедад 0:1

Табела: Зенит 13, Реал Сосиедад 12, Розенборг 4, Вардар 0.

Идно коло (7 декември): Вардар – Розенборг, Реал Сосиедад – Зенит.

Вардар Зенит Лига Европа фудбал Чедомир Јаневски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.