Франција е на победа до десеттата титула во Дејвис куп натпреварување, прва по 2001 година. „Триколорите“ поведоа со 2:1 против Белгија во финалето во Лил и поенот што им недостасува за титула ќе го бараат во двата неделни меча во поединечна конкуренција. Први на теренот на „Пјер Моро“ ќе излезат Жо Вилфред Цонга и Давид Гофан (13,30 ч.), а по нив и Лук Пуј и Стив Дарсис (15,30 ч.).
Ваквата позиција Французите ја обезбедија по денешниот дуел во двојки во кој Гаске и Ербер во четири сета ги поразија Бемелманс и Де Лор со 6:1, 3:7, 7:6, 6:4 за пресврт во финалната пресметка.
Белгијците поведоа багодарение на триумфот на Гофан над Пуј со 7:5, 6:3, 6:1 по што Цонга го израмни резултатот во серијата подобар од пет по победата над Дарсис со 6:3, 6:2, 6:1.
Дејвис куп финале
Франција – Белгија 2:1
Гаске/Ербер – Бемелманс/Де Лор 6:1, 3:7, 7:6, 6:4
Цонга – Дарсис 6:3, 6:2, 6:1
Пуј – Гофан 5:7, 3:6, 1:6