Во моментов пред Основниот суд Скопје 1 преку звучници се пушта патриотска музика додека се чекаат говорите од поставената бина пред судот.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски во придружба на неколку свои сопартијци и лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски се помеѓу демонстрантите кои сметаат дека притворот на приведените од утрово за насилствата во Собранието на 27.април, се нелигитимни.
Близу бината е и пункт од кој се служи чај за стотината присутни. Протестите се одвиваат мирно, а за редот е одговорен полициски кордон кој е пред судот од утринските часови.