Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Стопирана е изградбата на Панорамското тркало

0
By Влатко Чаловски on December 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 4, 2017 14:20

Стопирана е изградбата на Панорамското тркало. Градот Скопје нема потреба од него и имаме среќа што не е платено, па барем ќе заштедиме граѓански пари. Ова денеска го соопшти скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој потенцираше дека градските служби денеска го чистат насобраниот шут околу веќе изградените делови од Панормаското тркало, а кој се насобра по обилните врнежи.

– За остатокот од објектите во коритото на реката Вардар, како што веќе ја известив јавноста, дел од постапките и процедурите се одвиваат внатре во градската администрација и бараме мислење и соработка од други надлежни органи. За нас е приоритет безбедноста на Скопје, рече Шилегов.

Шилегов појасни дека договорот со градежната фирма ДГ „Бетон“ АД Скопје е сторниран, а за позициите кои, како што рече, досега се изведени, како и за се во „Скопје 2014“, „Бетон“ е навремено платен.

– Натамошната фаза на договорот предвидува поставување на тркалото, што сега засега е сторнирано, рече Шилегов.

Скопскиот градоначалник информира дека во тек е правната постапка за галиите и најави оти во претстојните неколку дена надлежните инспекциски органи на Градот ќе ги посетат сопствениците на објектите за да се види нивната усогласеност со владините решенија, па ќе се преземат следните чекори.

Прашан дали ќе има дислокација на спомениците од проектот „Скопје 2014“, Шилегов рече дека екипи составени од повеќе надлежни институции утврдуваат протокол за, како што рече, тие случувања.

Шилегов рече дека од денеска започнува чистењето на насобраниот отпад, во и околу коритото на реката Вардар.

– Последните дождови покажаа дека мегаломанскиот проект „Скопје 2014“ станува реална опасност за безбедноста на граѓаните на Скопје и нивните имоти. Во јавноста се презентираше неговата корисност за наводен развој на туризмот во Скопје, а изминативе неколку дена потврдија дека оваа слика не само што не го развива туризмот туку претставува опасност за безбедноста на целиот град, рече Шилегов.

Состојбата на подрумите на објектите околу реката Вардар, како што рече, јасно покажува дека залудно се потрошени милионските суми за изградба на овие објекти.

– Галиите, насипите и градежниот шут во коритото на реката Вардар ја намалуваат проточноста на водата и со тоа серизно ја загрозуваат заштитата од поплави на Град Скопје, нагласи Шилегов.

 

Вардар дождови Панорамско тркало Петре Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.