Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доделена Нобеловата награда за мир за 2017 година

0
By Нова ТВ on December 10, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 10, 2017 19:27

На свечена церемонија во седиштето на градската управа на Осло денеска на Меѓународната кампања за забрана на нуклеарното оружје и беше врачена Нобеловата награда за мир за 2017 година.

Примајќи ја наградата, претседателката на Кампањата, Беатрис Фин апелираше за поддршка на Договорор за забрана на нуклеарното оружје, кој за да стапи во сила треба да го ратификуваат најмалку 50 земји потписнички. Досега Договорот е ратификуван само од четири држави.

– Договорот претставува избор – избор меѓу два краја: крај на нуклеарното оружје или крај за нас. САД – изберете ја слободата наместо стравот, Русија – избери го разоружувањето наместо разурнувањето, Велика Британија – избери го владеењето на правото наместо угнетувањето, порача Фин.

Таа посочи дека е неразумно да му се дозволи на нуклеарното оружје „да управува со светот“.

– Многумина од оние кои го критикуваат нашето движење велат дека ние сме ирационални, дека сме група идеалисти изолирани од светот и дека нуклеарните држави нема никогаш да се откажат од своето оружје. Но, ние порачуваме дека сепак сме единствениот рационален избор, истакна Фин.

Фин на церемонита беше придружувана од 85-годишната Јапонка, Сацуко Турлоу, која го прежеваала нападот со атомска бомба во Хирошима во 1945 година и целиот свој живот го посветила на борба за забраната на нуклеарното оружје.

Претседателката на Норвешкиот нобелов комитет, Берит Рајс-Андерсон од своја страна изјави дека главниот аргумент на Меѓународната кампања е дека се додека постои нукеларно оружје, светот нема да биде безбеден.

– Тој аргумент го прифаќаат милиони луѓе, кои чувствуваат дека заканата од употреба на нуклеарното оружје денес е поголема од кога било досега, истакна Рајс-Андерсон.

На церемонијата на доделување на наградата не присуствуваа амасадорите во Норвешка на земјите кои поседуваат нуклеарно оружје – Велика Британија, Индија, Кина, Пакистан, Русија, САД и Франција.

Нобеловиот комитет реши да и ја додели овогодишната Нобелова награда за мир на Кампањата поради нејзината „активна улога во борбата против ширењето на нуклеарното оружје и за намалување на ризикот од нуклеарна војна“.

Покрај плакета и медал, Нобеловата награда за мир вклучува и чек на износ од девет милиони шведски круни (1,1 милиони долари).

Нобелова награда за мир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.