НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет (ж): Норвешка ја „прегази“ Русија

0
By Нова ТВ on December 14, 2017 СПОРТ
Фото: ihf.info
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Норвешка ѝ одржа час по модерен ракомет на Русија во последниот четвртфинален натпревар на Светското првенство за жени чиј домаќин е Германија. Бранителот на титулата ја декласира „зборнаја“ со 34:17 и во реприза од полуфиналето на претходниот мундијал ќе игра против Холандија.

Победникот беше решен уште во првото полувреме што Норвежанките го добија со 15:8 иако Русинките влегоа како единствени непоразени на турнирот, но малку кој веруваше дека можат да ги изненадат актуелните континентални и планетарни шампионки. Сепак, малку кој веруваше дека и тие така лесно и убедливо ќе се пробијат до мечевите за распределба на медалите.

Морк со девет гола и Офтендал со осум беа најефикасни во победничката селекција, Кочетова беше прв стрелец кај Русинките со пет погодоци.

Холандија претходно ја совлада Чешка со 30:26 во натпревар што донесе многу возбудувања. Холанѓанките тргнаа силно и по првите десетина минути имаа 7:1, но наредните десет им припадна на чешките ракометарки кои со голот на Лузумова во 21 минута се доближија на минус 1 (10:9), негатива што ја одржаа до паузата (17:16).

Сликата на теренот не се промени ниту во продолжение на средбата. Се играше, речиси, гол за гол. Холандија, сепак, успеа да се одлепи на плус 3 во еден момент на што Чешка возврати со идентична мера за 24:24. Со тој резултат се влезе во завршните десет минути во кои девојките во портокалово-црна комбинација беа помирни и попрецизни за конечен триумф и полуфинале.

СП во ракомет (ж)/четврт-финале

Норвешка – Русија 34:17

Холандија – Чешка 30:26

Франција – Црна Гора 25:22

Шведска – Данска 26:23

Двојки за полуфинале

Холандија – Норвешка (петок, 17.30 ч.)

Шведска – Франција (петок, 20.45 ч.)

Норвешка Ракомет (ж) Русија Четврт-финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.