Рома го проби Калјари дури во 94 минута и остана во чекор со водечките екипи во Серија А во борба за шампионската титула. Единствениот гол на „Олимпико“ го постигна Федерико Фацио во четвртата минута од судиското надополнување на времето. Погодокот на стоперот на „волчицата“ дојде по центаршут на Александар Коларов, а беше потврден од главниот судија Антонио Дамато по користење на ВАР технологијата која потврди дека немаше игра со рака на што сугерираа гостинските играчи. За римјаните ова е 12 победа во сезоната во која имаат и две реми и два пораза, биланс каков што има и Јувентус.

Нов лидер во калчолигата е Наполи кој славеше на гостувањето кај Торино со 3:1. Покрај колективното задоволство од играта, трите бода и симнување на Интер од челната позиција на табелата, во тимот на Маурисио Сари и индивидуално. Капитенот Марек Хамшик во 30. минута го прослави својот 115. погодок во дресот на наполитанците и го израмни клупскиот рекорд што досега го држеше легендарниот Диего Армандо Марадона. Домашната мрежа претходно ја тресеа и Калиду Кулибали во четвртата минута и Пјотр Зиелински во 25 минута, почесниот за екипата на Синиша Михајловиќ беше дело на Андреа Белоти во 63 минута.
Интер во првиот меч од 17 коло загуби на „Џузепе Меаца“ од Удинезе со 1:3.
Серија А, 17 коло
Рома – Калјари 1:0
Торино – Напои 1:3
Интер – Удинезе 1:3
Недела
Верона – Милан (12.30 ч.)
Болоња – Јувентус (15 ч.)
Кротоне – Киево
Фиорентина – Џенова
Сампдорија – Сасуоло
Беневенто – СПАЛ (18 ч.)
Аталанта – Лацио (20.45 ч.)
Табела: Наполи 42, Интер 40, Јувентус 38 (-1), Рома 38 (-1), Лацио 32 (-2), Сампдорија 27 (-2), Миалн 24 (-1), Аталанта 23 (-1), Торино 23, Фиорентина 22 (-1), итн.