Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Серија А: Рома победи во 94 минута, Хамшик израмни рекорд на Марадона

0
By Нова ТВ on December 17, 2017 СПОРТ
Фото: quotidiano.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 17, 2017 01:00

Рома го проби Калјари дури во 94 минута и остана во чекор со водечките екипи во Серија А во борба за шампионската титула. Единствениот гол на „Олимпико“ го постигна Федерико Фацио во четвртата минута од судиското надополнување на времето. Погодокот на стоперот на „волчицата“ дојде по центаршут на Александар Коларов, а беше потврден од главниот судија Антонио Дамато по користење на ВАР технологијата која потврди дека немаше игра со рака на што сугерираа гостинските играчи. За римјаните ова е 12 победа во сезоната во која имаат и две реми и два пораза, биланс каков што има и Јувентус.

Фото: toronews.net

Нов лидер во калчолигата е Наполи кој славеше на гостувањето кај Торино со 3:1. Покрај колективното задоволство од играта, трите бода и симнување на Интер од челната позиција на табелата, во тимот на Маурисио Сари и индивидуално. Капитенот Марек Хамшик во 30. минута го прослави својот 115. погодок во дресот на наполитанците и го израмни  клупскиот рекорд што досега го држеше легендарниот Диего Армандо Марадона. Домашната мрежа претходно ја тресеа и Калиду Кулибали во четвртата минута и Пјотр Зиелински во 25 минута, почесниот за екипата на Синиша Михајловиќ беше дело на Андреа Белоти во 63 минута.

Интер во првиот меч од 17 коло загуби на „Џузепе Меаца“ од Удинезе со 1:3.

Серија А, 17 коло

Рома – Калјари 1:0

Торино – Напои 1:3

Интер – Удинезе 1:3

Недела

Верона – Милан (12.30 ч.)

Болоња – Јувентус (15 ч.)

Кротоне – Киево

Фиорентина – Џенова

Сампдорија – Сасуоло

Беневенто – СПАЛ (18 ч.)

Аталанта – Лацио (20.45 ч.)

Табела: Наполи 42, Интер 40, Јувентус 38 (-1), Рома 38 (-1), Лацио 32 (-2), Сампдорија 27 (-2), Миалн 24 (-1), Аталанта 23 (-1), Торино 23, Фиорентина 22 (-1), итн.

Марек Хамшик Рома. Наполи Серија А фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.