НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпанија и каталонскиот сон за независност

0
By Светлана Јовановска on December 20, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Барселона, декември

Барселона деновиве е црвено-жолта. На сите прозорци и тераси виси каталонското знаме, најстарото европско знаме во Европа кое датира од 9 век.

Оваа хармонија ја нарушува тук-таму по некое шпанско знаме. Не можете да се оттргнете од впечатокот дека човекот што истакнал шпанско знаме на својот прозорец без сомнение има остри политички расправии со соседите.

Легендата за каталонското знаме

Барселонскиот војвода Гифред ел Пелут со својата војска дошол да му помогне на императорот Луис религиозниот во 9 век кога овој војувал против Нормандија. Победата ја однел императорот но Каталонецот во битката бил тешко повреден. Свесен дека Гифред ќе умре, императорот сакал да ја овековечи неговата храброст. Ја натопил раката во крвта на каталонскиот сојузник и со прстите исцртал 4 крв црвени линии на жолтата основа на неговиот штит. Оттогаш, вели легендата, црвените линии на жолта основа се знакот на каталонските војводи.

Изборите во Каталонија се закажани за утре, 21 декември. Нив ги распиша централната влада во Мадрид откако одлучи да ја преземе контролата врз Каталонија и да ги притвори каталонските лидери што прогласија независност по рефередумот на 1 октомври годинава. Некои лидери беа затворени а претседателот на Каталонија Карлес Пучдемонт со четворица екс министри се засолни во Брисел во надеж дека ЕУ ќе го натера Мадрид да преговара со Барселона за реформа на шпанската држава.

Мадрид никогаш нема да сака да преговара со Барселона

Но, Каталонците не се наивни:

“Дури и да победат про-независност партиите, Мадрид никогаш нема да седне со нас на маса и да зборува за реформа. Мадрид никогаш не сакал дијалог”, ни тврди Едуард Санчез, градоначалник во една општина на 60 км од Барселона.

Едуард Санчез, политичари и историчар

Иако е дел од Шпанија, Каталонија никогаш не успевала да најде заеднички јазик со Мадрид за тоа како треба да изгледа шпанската држава ниту да наметне дебата за можна шпанска федерација.

И тој, како и многу други Каталонците со коишто разговаравме, велат дека сега повеќе не станува збор за независност или идентитет туку за демократија.

“Ние не сме националисти како што Мадрид не обвинува. Ние се бориме со шпанскиот национализам кој е империјалистички. Ние сакаме да бидеме признаени како нација, за тоа се бориме”, обвинува Санчез кој е историчар.

Борбата на Каталонците за да бидат признаени како нација е почната од многу одамна. Санчез вели –  пред 150 години.

Куса историја на каталонскиот сон за независност

Каталонија себе си секогаш се сметала за посебна целина. Така, уште во 12 век, кога каталонските војводства влегуваат во состав на кралството Арагон, тие не се откажуваат од нивниот посебен судски и политички систем.

Обидите за каталонска автономија но не и независност се забележани во 19 и почетокот на 20 век. Каталонската буржоазија сака односи со централната власт во Мадрид од федерален тип а таа надеж им ја даваат прогласувањето на првата шпанска република во 1873 година и втората република во 1930 година. Во 1932 година Каталонците добиваат голем степен на автономија и две години подоцна прогласуваат независност. Се разбира и тогаш како и сега, ова на Мадрид не му се допаѓа, автономијата на регионот е суспендирана и избива граѓанската војна во Шпанија. Потоа, на власт доаѓа Франко и во текот на следните 40 години Шпанија тоне во диктатура.

Демократијата се враќа во 1978 година кога е напишан шпанскиот устав во кој и до ден денес не е промената речиси ни запирка. Денес Шпанија има 13 автономни заедници иако е јасно дека некои од нив, како Каталонија или Баскија, имаат поспецифичен идентитет од другите. Правени се обиди овие региони да добијат статус на “нации” а не “националности” но оваа тема секогаш наидувала на црвен картон во Мадрид.

И покрај протестите на Каталонците, Шпанија денес е демократија што во 40 година доживеа вистинска економска, социјална и културна ренесанса. Влезот во ЕУ во 1986 година донесе подобар стандард на живеење. Но целата трансформација на Шпанија не стаса и до Уставот.

Големиот удар

Големиот удар од Мадрид врз Барселона се случува во 2010 година.

Тогаш, умерените каталонски националисти од партијата Конвергенција и Единство (CiU) учествуваа во изработката на шпанскиот Устав и го прифатија територијалното уредување на Шпанија во периодот кога земјата излегуваше од диктатурата на Франко. Нивната желба беше да помогнат Шпанија да се смени и да стане мултинационална држава. Тоа и им успеа и Каталонија во 2006 година доби широка автономија а во преамбулата на документот стоеше дека Каталонците се “нација”.

Но шпанскиот уставен суд, чиишто судии се именувани од конзервативната партија на власт, Народната партија (НП) на Маријано Рахој и на иницијатива на НП, ја укинува автономијата на Каталонија и пресудува дека Уставот признава само една нација – шпанската. Тоа го разбуди каталонскиот сон за независност.

Оттука и одлуката да се организира референдум за самоопределување.

Ако на овој настан се додаде насилството дојдено од Мадрид од 1 октомври годинава на каталонскиот референдум, станува јасно дека сето каталонско незадоволство денес е насочено кон Рахој и неговата партија.

Но референдумот, според Уставот, е во надлежност на државата. За да биде легален треба да се организира со “амин” од Мадрид но власта одбива да разговара на таа тема. Тврдејќи дека тоа е спротивно на принципот на единство на шпанската нација како што стои во Уставот. Така каталонските власти се свртеа кон народна консултација велејќи дека така го почитуваат Уставот.

На 9 ноември 2014 година се одржа првиот референдум, прогласен од Уставниот суд за нелегален.

На изборите во 2015 година во Каталонија умерените националисти и радикали, заедно со екстремната левица, успеваат да добијат кусо мнозинство и со тоа мнозинство одлучуваат да тргнат во процес на “исклучување” од шпанската држава. Тој процес доведе во референдумот од 1 октомври и суспендираното прогласување на независна Република Каталонија.

Легално и од мадридски аспект, ова е обид за револуција и непослушност па оттука и реакцијата на централната власт за ставање под контрола на Каталонија и сите судски последици што тоа ги донесе.

Реформа во рикверц

Пред две недели Мадрид најави реформа на Уставот. Дали е тоа знак дека оди во насока на каталонските барања за повеќе автономија? Санчез го тврди токму спротивното:

“Добро ја познавам шпанската политика и знам дека таа реформа може да оди само во рикверц, во уште поголема централираност на земјата”, ни вели тој.

Санчез вели дека каталонските надежи дека ЕУ ќе им помогне исто така пропаднале. За него, Европа е блокирана бидејќи и таа не успеала да се реформира.

Па добро, ако Мадрид не сака да преговара со Каталонија дури и ако пронезависност партиите победат на избори, ако не сака да го реформира уставот во насока на каталонските барања и ако ЕУ продолжи да ви го врти грбот, тогаш што ќе правите?

“Ќе продолжиме да се бориме. Ние знаеме дека нашата борба уште долго ќе трае”, вели Санчез кој исто така влегува во изборниот натпревар на листата на Пучдемонт.

Кој ќе победи на изборите?

Утре на изборите излегуваат повеќе партии. Од една страна партиите што се против независноста како Партијата на каталонските социјалисти, која обично добива солиден број гласови, Народната партија на Рахој, која Каталонците ги потсетува на франкизмот и има слаби изборни резултати, и Куидаданос, најголемата опозициска партија во Каталонија.

Премиерот Мариано Рахој во кампањата со Ксавиер Гарсоа Албиол, кандидатот на НП

Од страната на про-независност партиите се левата Кандидатура за народно единство и Републиканската левица на Каталонија чијшто претседател Ориол Јункерас е денес во затвор во Мадрид.

Во ова про-независно крило е и Каталонската европска демократска партија (PDeCAT) на која и припаѓа Карлес Пучдемонт.

Пучдемонт ја водеше кампањата преку видео од Белгија

Во Барселона пред неколку дена никој нема одговор на прашањето како ќе изгледа каталонскиот политички пејсаж во изборите. Каталонското општество денес е поделено помеѓу оние што ја отрфлаат независноста и оние што од се срце се надеваат дека еден ден ќе се разбудат во независна република и ги китат прозорците со каталонски знамиња. Можно е да дојде и до резултати што ќе оневозможат формирање мнозинство па Каталонија повторно ќе мора на избори.

Каков и да биде резултатот, тој ќе даде одговор дали младата шпанска демократија може без судир, политички конфликти и криза да го менаџира овој каталонски сон.

избори Историја Каталонија независност Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.