Израелската армија уапси 17-годишна палестинска девојка која на видео снимки се гледа како напаѓа израелски војници.
Видеото во петокот ја прикажа осомничената Ахед Тамими и уште еден палестински тинејџер како напаѓаат група војници, додека на второто видео, се прикажани девојки кои бараат пристап од војниците до своите домови во селото Наби Салех на Западниот Брег.
Инцидентот се случи истиот ден кога беа судирите на Западниот брег поради одлуката на претседателот Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел и да ја ја премести американската амбасада во Ерусалим.
Мајката на Тамими е исто така уапсена, а додека израелската полиција не посочи причина за нејзино притворање, тие потврдија дека таа ќе биде во затвор.
“Тие не наведоа причина за нејзиното апсење”, изјави таткото на Тамими за француската новинска агенција АФП. Тој, исто така, ги обвини израелските безбедносни сили за запленување мобилни телефони, компјутери и друга електроника од нивниот дом.
Друг член на семејството, наречен Мухамед, е хоспитализиран ,откако бил погоден од гумен куршум.
Видеото е икористено од страна на израелската армија за да му докаже на светот дека нивните војници вршат воздржаност, но апсењето на жените во средината на ноќта било критикувано од палестински активисти.
Тамими уште како ден јавно го произнесува својот став израелските војници. Во 2015 година се појавува слика на девојката која ја гризе раката на еден израелски војник, додека тој се обидува да го уапси нејзиниот брат.