НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опремата за прислушување од УБК од ноември 2018 се сели во ОТА

0
By Нова ТВ on December 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски најави дека опремата за прислушување од УБК ќе се сели во ОТА (Оперативна-техничка агенција) која ќе стартува со работа од 1-ви ноември следната година. Министерот Спасовски истакна дека скандалите со масовното прислушување излегувале од УБК и граѓаните живеат со мислата дека се прислушувани и сите го користат изразот: „Да не зборуваме по телефон, ајде да се видиме оти можеби нѐ прислушуваат”.

Тоа мора да се промени, а според министерот ќе се направи преку строга контрола на системот за следење на комуникациите.

На денешниот брифинг со новинарите, Спасовски изрази задоволство од тоа што Предлог-законот за ОТА помина на владина седница. Владата на седница го утврди Предлог законот за Оперативно-техничка агенција (ОТА), со одлука да го достави до Собранието на Република Македонија согласно член 137 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.

Министерот Спасовски нагласи дека забелешките на Прибе треба да се почитуваат и треба да се направи строга контрола врз следењето на комуникациите. Со донесување на новиот Предлог закон за основањето на ОТА, МВР веќе нема да може да има пристап до следените комуникации, туку тоа ќе го прави ОТА која ќе ги има медијациските уреди и МВР ќе мора да бара дозвола за било која мерка за следење од ОТА.

Ќе постои посебен систем и ОТА нема да може да ги слуша разговорите и агенцијата ќе биде медијатор меѓу барателот и лицето кое се следи, но нема да е и корисник на тој материјал. Следењето ќе се спроведува по издадени наредби со број, но без идентитет.

Спасовски рече дека во овие шест месеци откако тој е на чело на МВР нема пропусти во делот со прислушувањето, а потврди и дека подвижните базни станици за следење се запечатени и не се користат.

Детали околу тоа колку лица ќе работат во Оперативно-техничката агенција, кој ќе ја предводи и колку тоа ќе чини, министерот не откри, бидејќи како што рече, несериозно е МВР да истрчува со податоци околу финансии пред прво да направат анализа.

Горан Николовски Оливер Спасовски ОТА прислушување УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.