НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Серија А: Скапи бодови на Јувентус, горчливи јубилеи на Алегри

0
By Нова ТВ on January 7, 2018 СПОРТ
Фото: sport.virgilio.it
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Скапа“ победа на Јувентус, горчливи јубилеи на Масимилијано Алегри. „Старата дама“ го совлада Калјари со 1:0 во последниот меч од 20. коло во Серија А и остана на минус еден од Наполи на врвот на табелата. Нејзиниот менаџер, пак, го запиша 200. триумф во конкуренцијата и 100. на клупата на италијанскиот шампион, но беше принуден на предвремени замени на Паоло Дибала и Сами Кедира кои се повредија во фудбалската претстава на Сардинија што донесе и расистичко скандирање на сметка на Блас Матуиди.

„Бункерот“ на домашните го проби Федерик Бернардески во 74 минута по асистенција на Даглас Коста. До тој момент гостите од Торино двапати ги погодуваа рамките од голот на Сторари, имаа и поништен гол на Мехди Бенатија во првото полувреме и уште неколку одлични ситуации за водство што, според прикажаното, упатува на заминување со три заслужени бода од стадионот „Сант Елија“.

Џенова на Горан Пандев забележа важна победа во борбата за опстанок во калчолигата. На „Луиџи Ферарис“ стадионот беше совладан Сасуоло со 1:0 со голот во 80 минута на бугарскиот интернационалец Андреј Галабинов кој влезе во игра во 56 минута на местото на капитенот на македонската репрезентација.

Рома продолжува со постот во Серија А. „Волчицата“ не успеа да победи ниту во третиот меч во низа, откако загуби на „Олимпико“ од Аталанта со 1:2. Андреас Корнелиус во 14 минута и Мартен де Рун во 19 минута беа доволни за триумф во главниот град на гостите од Бергамо и покрај тоа што цело второ полувреме имаа фудбалер помалку на тревникот. Един Џеко во 56 минута го постигна единствениот за римјаните чија иницијатива до крајот не донесе и втор за израмнување, но и за мир на Еузебио ди Франческо на клупата.

Серија А, 20 коло

Калјари – Јувентус 0:1

Рома – Аталанта 1:2

СПАЛ – Лацио 2:5

Наполи – Верона 2:0

Џенова – Сасуоло 1:0

Беневенто – Сампдорија 3:2

Милан – Кротоне 1:0

Торино – Болоња 3:0

Фиорентина – Интер 1:1

Киево – Удинезе 1:1

Табела: Наполи 51, Јувентус 50, Интер 42, Лацио 40, Рома 39 (-1), Сампдорија 30 (-1), Аталанта 30, Удинезе 28 (-1), Фиорентина 28, Торино 28, Милан 28, Болоња 24, Киево 22, Џенова 21, Сасуоло 21, Калјари 20, СПАЛ 15, Кротоне 15, Верона 13, Беневенто 7.

Јувентус Паоло Дибала Рома Сами Кедира Серија А фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.