НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крадците најактивни за време на празниците, 150 тешки кражби во Скопје

0
By Нова ТВ on January 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За време на новогодишната еуфорија и празниците во почетокот на првиот месец од годината, на територија на град Скопје извршени се речиси 150 тешки кражби и 17 тешки кражби во обид, информира СВР Скопје на барање на НОВА.

Секоја година, периодот од крајот на декември до првите денови во јануари, праксата покажува дека им е „најомилен“ на крадците.

Од 30.12.2017 до 08.01.2018 година, на територијата на главниот град извршени се вкупно 148 тешки кражби и 17 тешки кражби во обид, најмногу на подрачјето на општина Центар, потоа на општина Карпош, а и на територија на општините Аеродром и Гази Баба.

Истрагите покажале дека тешки кражби во станови најчесто се вршеле во временскиот период од 8 наутро до 16 часот, со прекачување на крадците преку балкон и насилно отворање на балконската врата, со насилно отварање или употреба на клуч (калауз) преку влезна врата и со кршење на цилиндар. Најмногу се одземал накит, пари, техничка стока и други предмети.

Во куќи пак, најчесто кражбите се вршеле во временскиот период од 16 часот до полноќ, со насилно отворање на балконски или влезни врати, со употреба на клуч-калауз и со кршење на цилиндер при што се одземале исто така накит, пари, техничка стока и други предмети.

Во викендиците, кражбите најчесто се вршеле во временскиот период од 8 наутро до 16 часот, со насилно отворање на прозорци или влезни врати, со кршење на катанец и на други начини, при што се одземале алати, прехранбени продукти, бела техника и други предмети за домаќинство.

Возилата најчесто биле ограбувани на паркинзи, претежно со употреба на физичка сила или погоден предмет.

Како што опишува МВР, најчесто се крши прозорецот од возилото или некоја од вратите, а најчесто се краделе преносни компјутери, патни торби и други предмети кои сопствениците ги оставаат на видни места во возилата.

До редакцијата на НОВА пристигна реакција на читател кој вели, не знае во кого да се сомнева бидејќи немал проблем со никого, така што, заклучува тој, крадците не бираат кого да ограбат.

„Во понеделникот без излезен на некое време надвор од станот во кој живеам. Не сум ни помислил дека кога ќе се вратам дома, ќе затекнам хаос од претурани фиоки, расфрлан мебел и слично. Украден ми е лап топот и накит кој го чував од мајка ми“, вели читателот за НОВА, кој пријавил во полиција откако увидел дека бил ограбен.

Во периодот од 30.декември до 8.јануари 38 тешки кражби имало во Центар како и девет кражби во обид. Во Карпош имало 26 тешки кражби и една кражба во обид а во Аеродром и Гази Баба по 17 тешки кражби.

Полесни кражби во истиот период, на територија на град Скопје имало дури 71.

возило крадци Кражба куќа лап топ МВР накит празници СВР Скопје стан тешка кражба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.