НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тунтев: Патните трошоци ги земавме бидејќи се реални трошоци

1
By Влатко Чаловски on January 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Образложувајќи ги предлозите за измени на Законот за плата и други надоместоци за пратениците и другите избрани и именувани лица и Законот за пратеници, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, на брифинг со новинарите денеска, рече дека тие оставаат простор за дебата, и ја повикаа опозицијата да се врати во Собранието за заедно да ги донесат промените за патните трошоци.

Тунтев рече дека во комуникација со координаторите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и претходно разговарале за надоместоците и опозицијата се сложувала со било каков предлог кој би бил логичен.

„Ние очекуваме опозицијата наскоро да се врати во Собранието. Доколку не се врати наскоро ќе се обидеме да добиеме барем согласност од нив дали да се донесат измените“, рече Тунтев.

Тој воедно дополни дека за СДСМ е прифатливо секое решение кое би било поевтино од ова што го нудат тие како предлог, во интерес на поголема заштеда на парите на граѓаните и  поголема заштеда на буџетот, бидејќи сакале да бидат пример.

На новинарско прашање на НОВА, доколку намерата е да се биде пример, зошто како пратеничка група не се откажале од надоместокот за патните трошоци за изминатите четири месеци, додека да се донесат измените кои ги предлагаат, Тунтев вели затоа што имаат реални трошоци.

„Релативно е тврдењето дека нашите плати споредени со другите функционери се прилично високи. Јас ви зборувам за месеци кога сме имале над 20 работни денови. Имало месеци кога сме имале и три работни денови. Имало и наши доаѓања кои не сме ги евидентирале. Јас како координатор на пратеничката група имам протоколарни активности. Имаме посети од меѓународни претставници. Ние тогаш не земаме трошоци, а доаѓаме за тоа. Не сме наплатиле ние се што ни следува, бидејќи сме свесни дека одредени активности кои не се поврзани со наша редовна работа во Собранието, дека е наша должност“, одговори Тунтев.

Реакциите во јавноста за патните трошоци се интензивираа откако истражувачката мрежа СКУП, неодамна објави кои пратеници земале најмногу патни трошоци за последните четири месеци, кои законски им следуваат.

Според истражувањето, најскапо платен пратеник последните четири месеци е Алија Камберосвски од СДСМ на кој му се исплатени 4.260 евра за овој период, како и Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, кој доаѓа од Охрид, за овој период наплатил 3.843 евра.

координатор опозиција патни трошоци пратеници СДСМ Томислав Тунтев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.