Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Венгер подготвува „бомба“: Обамејанг во Арсенал за 60 милиони евра

0
By Нова ТВ on January 15, 2018 СПОРТ
Фото: independent.ie
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 15, 2018 00:16

Арсен Венгер се подготвува за активирање на првата „бомба“ на „Емирати“ во зимскиот преоден рок. На изненадување на многумина, Французинот стокми 60 милиони евра за ангажман на Пјер Емерик Обамејанг кој би пристигнал во Арсенал како замена за Алексис Санчез иако Кина се споменуваше како наредна дестинација за габонскиот напаѓач на Борусија Дортмунд.

Бројни медиуми на Островот вечерва ја објавија информацијата за силниот интерес на Венгер за Обамејанг. Дел од нив дури пренесоа дека личните услови во зделката се речиси договорени без оглед што до скоро како замена за Чилеанецот беше пикиран младиот Бразилец Малком од Бордо.

„Милионерите“ од Дортмунд денеска ремизираа без голови со Волфсбург во Бундеслигата во меч за кој беше изоставен Обамејанг. Потегот во Борусија го образложија со недисциплина и недолично однесување за еден професионалец без притоа конкретно да посочат на што се однесуваат замерките кон голгетерот.

„Едноставно не можеме да толерираме такво однесување. Не знам што се случува во неговата глава во овој период. Досега беше беспрекорен професионалец меѓутоа ова повеќе нема смисла. Вака повеќе не можеме“, истакна Михаел Корк, спортски директор на Борусија Д.

Таткото на Обајмејанг истовреме се огласи преку социјалните мрежи и потврди дека неговиот син би можел да ја промени средината во јануари поради расистички навреди во германските медиуми на сметка на фудбалерот. Се тргна од осудата во еден весник кој напиша дека Габонецот прави „мајмунски циркус“ што е протолкувано како навреда на расна основа.

Можноста за скорешен трансфер на Обамејанг во Арсенал ја подгреа и Гилијам Балаг кој важи за добро информиран новинар кога во прашање се активности во дел од фудбалскиот пазар. Па, така и самиот тврди дека репрезентативецот на Габон сака во стројот на Венгер за што францускиот менаџер подготвил 60 милиони евра и сака што поскоро да го комплетира трансферот.

„Обамејанг цела година сака да замине од Борусија Д., но чека на вистинска понуда. Одби да се пресели во Кина со цел на повик од голем клуб што во моментот и се случува. Имам информации дека сака во Арсенал како замена за Санчез само што трансферот ќе биде реализиран во оној момент кога и на Чилеанецот. Расчистување на работата ќе има за два-три дена. Манчестер јунајтед е наводно заинтересиран за Санчез, но и Сити сè уште не е отпишан“, напиша Балаг.

Обамејанг е во Борусија Дортмунд од 2013 година. Меѓу „милионерите“ пристигна од Сент Етјен и во 143 настапи од тогаш постигна 98 погодоци. За репрезентацијата на Габон дебитира во 2009 година и досега има дадено 23 гола во 56 натпревари.

Арсен Венгер Арсенал Борусија Дортмунд Пјер Емерик Обамејанг фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

ВЕСТИ May 26, 2026

Албанија влегува во нова, финална фаза од преговорите со Европската Унија.

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.