НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пораз во можеби вистински момент на ЕП: Македонија разбиена од Шпанија

0
By Нова ТВ on January 21, 2018 СПОРТ
Фото: cro2018.ehf-euro.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тежок пораз на македонските ракометари на Европско првенство во Хрватска. Шпанија ги разби „црвено-жолтите“ со убедливи 31:20 (15:6) во првиот настап во новоформираната група 2 и ги спушти на четвртата позиција на табелата. Резултатскиот и играчки дебакл можеби доаѓа во вистински момент за националниот тим пред двата преостанати дуела во Вараждин чиј влог е полуфинале на континенталнуиот турнир.

Борко Ристовски беше единствена светла точка на почетокот на судирот со „фуријата“. Неколкупати успеа да ја сочува сопствената мрежа, но недоволно ниту за достоинствено парирање во мечот со фаворитот од Пиринеите. Одбраната беше лесно пробојна додека нападот блед и анемичен и тешко доаѓаше до позиција за удар, но и често се грешеше. Шпанците, пак, не губеа многу време да казнуваат од полуконтри или контри или, подобро речено, да користат секаков подарок за демонстрација на сила, моќ и амбиција за највисок пласман.

Селекторот Раул Гонзалес не можеше да смета на средниот бек Филип Миркуловски, а „удар“ плус доби со повредата на Кире Лазаров кого не можеше да го користи по 15 минута од првиот дел. А, мечот дотогаш, резултатски и играчки, беше тргнат во непосакуван правец од кој немаше враќање.

Се што следуваше во продолжение на средбата беше рутинско одработување на Шпанците додека македонските репрезентативци и навивачите имаа, се чини, само една мисла во главите. Што побрзо да изминат 60. минути за насочување кон Чешка, наредниот противник што ги очекува „црвено-жолтите“ во вторник од 18,15 часот. Загубената позиција против „фуријата“ значи и чување на силите за она што претстои како голема веројатност за добивање.

Фигерас, Сораиндо и Соле беше триото што ја предводеше Шпанија против Македонија. Сите постигнаа по пет гола, Стојанче Стоилов и Дејан Манасков реализираа по четири за „црвено-жолтите“.

ЕП во ракомет

Група 2 (Вараждин), 4 коло

Македонија – Шпанија 20:31

Германија – Данска 25:26

Табела: Данска 6, Шпанија 4 (-1), Германија 4, Македонија 3 (-1), Чешка 2 (-1), Словенија 1 (-1).

Идно коло: Словенија – Шпанија (вторник, 18,15 ч.), Македонија – Чешка (вторник, 20,30 ч.).

Понеделник на ЕП

Група 1 (Загреб), 5 коло

Србија – Франција (18.15 ч.)

Шведска – Белорусија (20.30 ч.)

Табела: Франција 6 (-1), Хрватска 6, Норвешка 4, Шведска 4 (-1), Белорусија 0 (-1), Србија 0 (-1).

ЕП 2018 Македонија ракомет Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.