НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нимиц од денеска во Атина, в среда во Скопје

1
By Нова ТВ on January 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Медијаторот на Обединетите нации меѓу Македонија и Грција за спорот со името Метју Нимиц денеска ја почнува посетата на Атина, во рамки на обновените преговори меѓу двете земји за решавање на ова отворено прашање, кое претставува препрека за членството на земјава во ЕУ и НАТО.

Нимиц доаѓа во посета на двете земји по првата директна средба на премиерите Зоран Заев и Алекис Ципрас, минатата недела во Давос, на која тие договорија отстапки на двете страни, подигнување на преговорите на ниво на шефови на дипломатии, но и цврста заложба за интензивирање на процесот за решавање на спорот за името.

Медијаторот ќе има разговори најпрво со грчките, а потоа и со македонските власти и по координацијата по прашањето за името, која изминатите денови и Ципрас и Заев ја имаа со државно-политичкиот врв во нивните земји.

Тој на покана на власите во двете земји, најпрво ќе има средби со државно-политичкиот врв на Атина, на кои се очекува да биде информиран за напорите на Владата на премиерот Алексис Ципрас да ја усогласи позицијата во однос на начинот на решавање на спорот со политичките чинители во земјата.

Ципрас во петокот и саботата имаше серија средби со државно-политичкиот врв за координирање на позицијата за прашањето за името, при што по нивното завршување излезе со заклучок дека се обврзува во следниот период со патриотска одговорност да се стреми кон заемно прифатливо решение. Грчкиот премиер оцени дека е направен напредок, но додаде се уште е долг патот до договор

Нимиц, согласно неговата агенда, која и официјално беше потврдена, се очекува на 31 јануари да пристигне во Скопје, а веќе следниот ден се предвидени средбите со државниот врв.

На средбите тој ќе биде информира за заклучоците од координативната средба на државно-политичкиот врв, што се одржа во саботата за неговите предлози, од која Заев изрази оптимизам за национален консензус, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски излезе со став дека одговорноста сега е во рацете на Владата, но и оти партијата смета дека спорот треба да биде решен, а при тоа да се заштитат државните и националните интереси.

На последната рунда разговори за името што се одржа на 17 јануари во Њујорк медијаторот Нимиц излезе со сет сугестии и предлози и оцени дека на повидок е решение на долгогодишниот спор меѓу Грција и Македонија.

Првата рунда на обновените преговори меѓу Македонија и Грција се одржа на 12 декември минатата година во Брисел.

Атина Заев Нимиц посета Скопје Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.