Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тенк: Судијката го предупреди Груевски да не доцни на судењето

1
By Нова ТВ on January 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 30, 2018 13:59

Судењето за предметот „Тенк“ на СЈО во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот мерцедес вреден 600 илјади евра, е одложено за 12, 13 и 16 февруари.

Судијката Добрила Кацарска го прифати барањето на адвокатот Богољуб Софрониевски за одложување на рочиштето, бидејќи немал доволно време за подготовка, имајќи предвид дека и вчера бил ангажиран како бранител на Ѓоко Поповски.

Фото Макфакс

Адвокатот на Груевски и на Јанкулоска, Димитар Дангов даде приговор во однос на тонското и визуелно снимање на рочиштето за главниот претрес и додаде дека тоа не е во согласност со член 374 од ЗКП. Според него, начинот на кој се снима судењето не е според АКМИС системот.

Судијката Кацарска, пак, рече дека дека неможноста камерите да бидат поврзани со АКМИС системот не значи дека судењето се снима спротивно на законот.

Обвинителот од СЈО Трајче Пеливанов посочи дека сите обвинети мора да ги добијат своите права, но тоа да не се случува во иднина, бидејќи се одолговекува постапката.

Пред почетокот на рочиштето адвокатите на обвинетите до судот доставиле докази за овој случај.

На почетокот на рочиштето судијката Кацарска го предупреди Груевски да не доцни на судењето, откако тој пристигна во судницата 8 минути подоцна од закажаниот почеток.

Според обвинението, што во судот го застапуваат обвинителите Трајче Пеливанов и Елизабета Јосифовска, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година, Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М.А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес“.

 

Фото Макфакс

Јанкулоска за да го исполни барањето, пак, го поттикнала обвинетиот помошник-министер Ѓоко Поповски да стори кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето. Возилото од Министерството требало да се даде на користење и на Груевски кој сакал да користи такво ново блиндирано патничко моторно возило, но за тоа не сакал во јавноста да се дознае.

За набавката на мерцедесот јавноста дозна од  разговорите кои ги објави опозицијата.

Апелацискиот суд Скопје на 8 ноември одлучи прислушуваните разговори за набавката на мерцедесот да бидат доказ во судењето за случајот „Тенк“.

Груевски Јанкулоска кацарска Мерцедес Поповски тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

ВЕСТИ May 11, 2026

Барел сурова нафта од типот Брент поскапе за околу 4% откако надежите за мирно решавање…

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.