НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија во НАТО и без решение на спорот, бара британскиот парламент

0
By Нова ТВ on February 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британскиот Дом на лордови бара од Владата во Лондон да се заложи Македонија да стане членка на НАТО без оглед на тоа дали ќе биде решено прашањето за името, објавува грчкиот весник То вима во изданието на англиски јазик.

Во извештајот „Велика Британија и иднината на Западен Балкан“ на Домот на лордовите усвоен во декември лани, а објавен на 10 јануари годинава, се наведува дека Македонија треба да се приклучи на Северноатлантската алијанса заради мир и стабилност на регионот.

“Владата треба да ги поддржува мерките за да и помогне на Македонија да влезе во НАТО, со или без решение на прашањето за името”, се вели во извештајот.

Изготвен е од Одборот за меѓународни односи, кој го назначува Домот на лордовите на секоја сесија “за да ги испита меѓународните односи на Обединетото Кралство”.

“Членството во НАТО и соработката би можеле да го подобрат мирот и стабилноста на регионот. Се согласуваме со континуираната поддршка на Владата за амбициите за членство на Босна и Херцеговина и Македонија. Обезбедувајќи ги да ги исполнат условите за членство, нивното пристапување ќе биде добредојден чекор кон поголема стабилност во регионот “, се наведува во текстот.

Во извештајот се посочува на говорот на премиерката Тереза ​​Мај, на 17 јануари лани, во кој таа “го опишува Западен Балкан како регион во кој владата на Велика Британија одигра и ќе продолжи да игра активна улога во промовирањето на европскиот просперитет, стабилност и безбедност “.

Напомнувајќи дека Велика Британија оваа година ќе биде домаќин на Самитот за Западен Балкан, во извештајот се укажува на тоа дека Лондон има намера да воспостави поцврста основа на Балканот.

“Оваа иницијатива, која доаѓа во важна фаза од преговорите со Брегзит, ќе покаже дека Владата навистина не ја напушта Европа кога ја напушта ЕУ”.

Македонија е подготвена за членство во НАТО

Во извештајот на Парламентот се презентираат и ставовите на властите во Скопје за членство во НАТО, што во извештајот се оценува како преседан во споредба со ставот кон пристапот во ЕУ.

“Во Македонија членството во НАТО е популарно (повеќе отколку членството во ЕУ). Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, рече дека повеќе од 70 отсто од населението се залага за членство. Димитров рече дека членството ќе докаже “дека Македонија ќе опстане на ова место и во рамките на овие граници”. Сепак, напредокот кон членство беше блокиран од приговорите на Грција кон името на земјата “, се вели во извештајот, иако се истакнува дека членството во НАТО ќе биде тешко без решение.

“Ставот на Владата беше дека Велика Британија ‘ќе ги охрабри разговорите меѓу Атина и Скопје‘ … користење и идентификување на можностите каде што можеме да понудиме практична и поактивна поддршка”, се вели во извештајот.

Грција Дом на Лордови Изврштај име Македонија НАТО решение
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.