Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанкулоска ги оспорува вештачењата за мерцедесот

1
By Нова ТВ on February 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 12, 2018 14:17

Адвокатите на Никола Груевски и Гордана Јанкулоска на судењето за набавката на мерцедесот од 600.000 евра, случај познат под кодното име „Тенк“ на СЈО, на денешното рочиште ги оспорија двете вештачења направени на мерцедесот по барање на СЈО.

Според нив, лиценцата на еден од вештаците му била истечена, а другото вештачење го правел вештакот Тале Герамичиоски кој бил поранешен пратеник и министер од СДСМ.

Исто така реагираа и дека вештачењата ги правела компанија од Италија, која во Македонија не била регистрирана за ваква дејност.

Гордана Јанкулоска рече дека ниту таа како обвинета, ниту нејзините бранители немале можност со свои предлози и забелешки да учествуваат во вештачењето кое го нарачало СЈО.

-Постои објективна оправданост и сомнеж во објективноста на вештачењата во однос на политичката кариера на вештакот Тале Герамичиоски и управителот на компанијата која била ангажирана, бидејќи токму во тој период исполнувале високи политички функции како избрани или именувани лица на предлог на СДСМ, а и јас исто така во тој период извршував високи функции во ВМРО-ДПМНЕ. Затоа барам од судот да го земе во предвид овој објективен сомнеж бидејќи нивниот политички ангажман го загрозува моето право на правично судење, рече Јанкулоска пред судот, при што се повика и на судска пракса од судот за човекови права во Стразбур,

Од СЈО одговорија дека на вештакот лиценцата му била продолжена за што приложија доказ, а за партиската определба на другиот вештак не сакаа да коментираат бидејќи тоа е негова лична определба.

Судијката даде еден час пауза за да одлучи по предлозите поднесени од адвокатите на обвинетите.

Во претходниот дел од рочиштето, адвокатите на Груевски и Јанкулоска побараа бомбите да не бидат коритени како доказ во процесот, како и СЈО да ја докаже надлежноста за овој случај.

вештачења Груевски Јанкулоска Мерцедес тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.