НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Можна средба на Димитров и Коѕијас во Софија

0
By Нова ТВ on February 15, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По средбата во Виена, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и неговиот грчки колега  Никос Коѕијас би можеле повторно да се сретнат во Софија, објавија грчките медиуми.

Државната ТВ ЕРТ јави дека нивната средба треба да се одржи денеска, додека останатите медиуми со доза на резерва објавуваат дека е можно и веројатно двајцата министри за надворешни работи да се сретнат на маргините на неформалниот состанок Гимних во Софија, јавува дописникот на МИА од Атина.

Весникот „Авги“, што важи за гласник на СИРИЗА, пишува дека „се згуснуваат чекорите за решавање на македонското прашање“, а по средбата во Виена веројатно е дека Димитров и Коѕијас одново ќе се сретнат во Софија.

„Катимерини“ и „Авги“ откриваат дека нацрт-спогодбата што Атина треба да му ја предложи на Скопје, не била доставена во Виена.

– Претпоставка, сепак, е дека разговорите веќе се навлезени во суштината и на маса биле сите прашања – лесните, разбирливите и трнливите. Ова се случи завчера на билатералната средба на двајцата министри за надворешни работи, но и вчера кога им се приклучи и специјалниот медијатор од ОН за „македонското прашање“, Нимиц“, пишува весникот „Авги“.

Оптимизам дека може да се постигне заемно прифатливо решение, искажа и  портпаролот на грчката Влада, на гостувањето во емисија на Првата програма на грчкото државно радио.

– Преговорите продолжуваат врз база на рамката што беше поставена со нашите соседи. Оптимисти сме дека ќе успееме да постигнеме заемно прифатливо решение. Сепак, не сакам во овој момент да предвидам ништо. Работиме во насока да се постигне договор за сложено име што ќе важи за сите и за севкупна употреба, за што предуслов е уставна ревизија кај соседот, особено во однос на уставното име, рече Ѕанакопулос за грчкото радио.

Портпаролот на грчката Влада без коментар за техничките детали од преговорите, особено во однос на тоа дали нацрт спогодбата и е доставена на македонската страна. 

Димитров името Коѕијас преговори Софија средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.