Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО отвори постапка за 13 годишното девојче од Домот „25 мај“

3
By Нова ТВ on February 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 20, 2018 15:54

Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство Велес отворија постапка за силуваното 13 годишно девојче од Домот за деца 25 мај.

,,Во Основното јавно обвинителство Скопје се оформени предмети по писмени известувања поднесени од Министерството за внатрешни работи по кои обвинителството постапува.
Доставена е Наредба за проверка на наводите од пријавите и за организацијата и работењето во установата. Повикани се и се врши сослушување на повеќе лица кои можат да придонесат кон утврдување на фактите и за кривичната одговорност. Во врска со последните информации кои се однесуваат на поголем број штитеници од установата, Обвинителството достави писмено барање до Министерството за труд и социјална политика со цел прибирање на потребни податоци“, соопштија од Обвинителството.

Постапка е поведена и за кривичната пријава која СВР Велес ја поднесе вчера за полов напад врз дете против 18 годишен велешанец.

,,Основното јавно обвинителство Велес, по применото известување, веднаш издаде Наредба за телесен преглед до Институтот за судска медицина. Во текот на вчерашниот ден до Обвинителството од страна на Министерството за внатрешни работи е пристигната кривична пријава против конкретен сторител. Постапката интензивно ќе продолжи со расветлување на настанот се до донесување на јавнообвинителска одлука“, велат од Обвинителството.

Во Основното јавно обвинителство Скопје предмет е отворен и по поднесена кривична пријава од страна на родителите на девојчето, преку адвокат, за кои информираше НОВА.

Со оваа кривична пријава се бара одговорност против лица вработени во Јавната установа за згрижување деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје, а за сторени кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење во службата од Кривичниот законик. Оваа кривична пријава беше поднесена на 1 август минатата година, од Европскиот центар за права на Ромите.

13 годишното малолетно девојче Р.И згрижено во Домот 25 мај, неколкупати било сексуално злоставувано. Од Европскиот центар за права на Ромите обвинија дека одговорните лица од домот за згрижување деца , полицијата и обвинителството не реагирале навремено да ги истражат и спречат наводите за сексуална злоупотреба на малолетничка. Алармот беше вклучен дури откако во јавноста беше обелоденето дека малолетничката абортирала по забременување од сексуално насилство.

ЕЦПР МВР ОЈО; злоставувано девојче. дом 25 мај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.