НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Нема да бидеме дел од решение против државните интереси

0
By Нова ТВ on February 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ има план, има желба, што поконретна и поконструктивна соработка да имаме со Села, Ахмети и вклучително сите политички партии од албанскиот електорат, изјави лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во синоќешното интервју во емисијата „Отворено“ на ТВ 24, каде одговараше на прашања на новинари од различни медиуми.

-Ако ние имаме програма која би била интерес на граѓаните, а за истата би се сложиле, тогаш јас немам никакви предрасуди за да имам соработка со било кој од нив, рече Мицкоски, одговарајќи на прашањето за евентуална идна соработка со албанските политичари.

На прашањето, дали се сретнал со Љубчо Георгиевски и дали има простор за соработка меѓу нив двајца, новоизбраниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ рече дека не се сретнал со екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ неколку месеци, но дека “сите оние луѓе кои се добронамерници се добредојдени…во борбата против штетните политики на оваа власт“.

Во врска со актуелните прашања, како што се преговорите за решавање на спорот за името и законот за јазиците, Мицкоски ги повтори познатите ставови на неговата партија: дека не поддржуваат промена на Уставот и дека законот е противуставен.

Тој рече дека неговата партија нема да поддржи промена на Уставот со цел промена на уставното име ниту, пак, ќе поддржи недостоинствено решение за спорот со името. А доколку дојде до взаемно прифатливо решение, тоа треба да биде ставено на референдум. Сепак, Мицкоски не одговори кое решение е прифатливо за неговата партија.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да биде изговор за неуспех на некого бидејќи секој оној кој што самиот, како што знаат старите да кажат “си ја подготвил чорбата, треба да си ја срка“. Ниту ние ќе дозволиме да бидеме оправдување за неуспехот на некого, ниту пак ќе бидеме дел од решение кое што нема да одговори на интересите на Република Македонија, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека причината поради која поднеле голем број на амандмани е поради тоа што биле брутално одбивани од страна на Владата на СДСМ да формираат работни групи. Тој уште еднаш побара од владејачкото мнозинство да го повлечат законот и да седнат на маса се со цел да се подобри законот и да се направи применлив за сите.

– Ги повикавме владејачките коалициони партнери да формираме работна група која што ќе ја сочинуваат сите парламентарни партии, каде што ќе повикаме експерти, претставници од македонската академија на науките и уметностите, претставник од кабинетот на претседателот на државата, додаде тој.

 

Тој ја критикуваше Владата во врска со реформите, според кого за девет месеци Владата реализирала „очајно ниски“ 42% од планот 3-6-9 за пристап во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ Закон за јазици името соработка Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.