НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН предупредуваат: Гута станува новото Алепо

0
By Нова ТВ on February 21, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмалку 106 цивили загинаа во вчерашните бомбардирања на сириските владини сили врз Источна Гута, која е под контрола на бунтовниците, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Со ова, вкупниот број на загинати во изминативе 48 часа достигна 250 лица. Тоа се најкрвавите две деноноќиа по хемискиот напад во областа во август 2013 година, во кој загинаа стотици луѓе.

Американскиот Стејт департментот соопшти дека е „исклучително вознемирен“ поради случувањата во Источна Гута, а францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан истакна дека работите во оваа сириска област одат кон „хуманитарна катаклизма“

Генералниoт секретар на ОН Антонио Гутереш е „длабоко вознемирен“ од ескалацијата на насилството во Источна Гута, соопшти портпаролот на светската организација Стефан Џужарик.

Тој додаде дека Русија, Иран и Турција ја прогласија Источна Гута за зона за деескалација и потсети дека според Гутереш, сите страни треба да ги преземат „своите ангажмани во таа насока“.

Битката за сириската енклава под опсада Источна Гута би можела да прерасне во повоторено сценарио на битката за Алепо, предупреди специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура.

– Постои опасност да стане второ Алепо, а ние, се надевам, ја научивме лекцијата од тој судир –  изјави Мистура.

Источна Гута е предградие на Дамаск под контрола на сириските бунтовници, чиј реон е опколен од владините сили.

Инаку, битката за Алепо траеше од 2012 до 2016 година, во текот на која загинаа 31.112 лица, вклучувајќи и голем број цивили.

Алепо Гута напади ОН Сирија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.