Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бејли го критикува Советот за јавни обвинители за конфликт на интереси

0
By Нова ТВ on February 26, 2018 ПОЛИТИКА
Фото Макфакс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 26, 2018 13:38

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, ја искритикува работата на Советот за јавни обвинители, откако беше објавено дека претседателот на Советот Коле Штериев учествувал во носење одлука кога се одлучувало неговата вунка да биде избрана за обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Како што рече Бејли, во Советот за јавни обвинители има конфликт на интереси и дека доколку некои медиуми не биле охрабрени да пишуваат за ова, јавноста немаше да дознае.

-Јавноста и професионалците изгубија уште неколку грама доверба во системот. Неколкумина новинари ја обработија оваа приказна, доаѓаме до моментот дека храбрите медиуми и граѓанското општешство имаат важна улога во владеење на правото, рече Бејли говорејќи за правосудството, на конференцијата на парламентарните комисии за европски прашања на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација на ЈИЕ-КОСАП, што денеска се оддржува во Скопје.

Изјавата на Бејли се однесува и на приказната што ја објави „Макфакс“ дека обвинителката Фиданка Рајевска гласала кога како точка на дневен ред бил изборот на нејзината колешка, Лидија Раичевиќ, која пак, кривично го гони нејзиниот сопруг за перење пари.

– Ми се чини дека тука станува збор за една ситуација на конфликт на интереси. Никој точно не знае што точно се случи во таа ситуација, рече Бејли.

Во врска со реформите, Бејли рече дека САД и Европа и помогнаа на Македонија да излезе од она што се нарекуваше длабока политичка криза и смета дека за Македонија докрај да ги истурка реформите потребно е поддршката од 75 отсто за влез во ЕУ и НАТО да се преточи во политичка волја. Владеењето на правото, вели амбасадор Бејли, е еден од најголемите предизици со кои се соочува земјата, а многу често земјите стануваат ранливи на корупција и криминал поради недостаток на владеење на правото.

– Граѓаните треба да бараат отчетност, транспаретност и информирање од страна на институциите. Тоа значи дека граѓаните треба да одбијат да го свртат погледот на другата страна кога ќе се соочат со прекршување на законите или со корупција, а тоа значи дека не треба да се прифаќаат работите онакви какви што се особено доколку сте соочени со непотизам и лични појави, рече Бејли.

Бејли Совет на јавни обвинители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.