Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тортура одложена: Апелација еден месец не одговорила на жалбата од СЈО

2
By Нова ТВ on February 28, 2018 ПОЛИТИКА
Фото Макфакс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 28, 2018 10:47

Судењето за случајот „Тортура“ е одложено за 23 март, до кога треба да биде донесена одлуката на која се чека од Апелација – дали во предметот за нечовечко однесување и изживување врз Љубе Бошкоски, за време на апсењето на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори, освен шестмината припадници на специјалните единици Алфи, ќе одговара и екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков.

Судот денеска укажа дека еден месец откако е поднесена жалба од СЈО на одлуката Мијалков да не одговара, се уште нема одговор од Апелација.

Денеска во судница се појави Љубе Бошкоски, како оштетен во случајот и се соочи со Ивица Анчевски – Пуки, кој во 2011 беше на чело на Алфите и беше дел од припадниците на оваа единица кои спектакуларно го апсеа Бошкоски пред ресторанот „Воденица“.

По одложувањето на рочиштето, одговарајќи на новинарско прашање дали очекува на суд да се појави поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, Бошкоски рече дека доколку судот одлучи дека тој треба да се појави, сигурно ќе дојде.

-Не чувствувам некоја специјална потреба за тој лик да го видам на судењето, истакна Бошкоски.

Прашан дали денеска во судот првпат ги гледа припадниците на единицата „Алфи“ кои го апсеа рече дека ги гледа првпат по речиси седум години.

-Истите ликови се. Сега не се толку расположени како тој ден кога ја извршуваа задачата од нивниот наредбодавецот и тогашен шеф на државната безбедност, рече Бошкоски.

Судиката Моника Бахчовановска, при оценка на обвинението на СЈО, одлучи да го изземе Мијалков од кривичен прогон. Оваа судијка е жена на поранешен висок функционер во владата на Груевски.

На оваа одлука СЈО поднесе жалба до Апелацискиот суд, кој треба да одлучи дали обвинителниот акт ќе се однесува и на Мијалков.

Во една од „бомбите“ што ги објави опозицијата, токму за овој настан разговараат екс директорот на УБК Мијалков и тогашниот главен уредник на ТВ Сител Драган Павловиќ Латас, против кого се води друг процес од СЈО.

На аудио снимката соговорниците зборуваат за начинот на кој се постапувало со Бошкоски за време на апсењето.

 

Апелација Бошкоски Мијалков судење Тортура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.