Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски очекува почести средби со Ахмети

0
By Нова ТВ on March 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 3, 2018 19:00

Имавме една конструктивна средба, дискутиравме за актуелната политичка и економска ситуација и се надеваме дека понатаму ќе прерасне во традиција да имаме почести средби да ги аргументираме нашите позиции, бидејќи тоа може да влијае позитивно на релаксираме  на политичката ситуација во државата, изјави претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по денешната, прва средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На прашањето, како ќе ги поддржат реформите, ако не се вратат во Собранието, Мицкоски рече дека во моментов како политичка партија не можат со сиот свој капацитет да учествуваат во работата на Собранието, од како што рече „математичка, но и од политичка причина“.

-Математичката е што 12% од нашата пратеничка група е во притвор така што ние не можеме со сиот свој капацитет да учествуваме во работата на парламентот а политичка е имаме сериозно нарушување на демократскиот амбиент во државата а во таа насока како што кажаа изминативе денови претставници на Меѓународната заедница на одговор на владата, односно владата е таа која што  треба да подготви амбиент во кој што амбиент би се чувствувале комотно и опозицијата за да може да бидат присутни во Собранието, рече Мицкоски.

Тој повторно како услов го постави ослободувањето од притвор на обвинетите за насилствата во Собранието.

– Никој засега нема поднесено одговорност зошто некој применил таков чекор, односно без да им биде симнат имунитетот на пратениците ги привел, ги држел со лисици, ги понижил пред македонската јавност и за тоа се уште немаме одговорност. Кога ќе имаме одговорност ќе дискутираме, понатаму кои ќе бидат нашите чекори. Сега за сега ова е нашиот чекор. Се додека имаме ваква ситуација во државата пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не може целосно и од математички но и од политички причини да учествува во работењето на Собранието. Мора некој да сноси одговорност за тој чин. Дали   тоа ке биде министерот или по вертикала надоле тоа ќе остане да одлучат тие кои што ги поставуваат тие лица, изјави Мицкоски.

Во врска со законот за јазици, Мицкоски рече дека не дискутирале за детали, туку само ги аргументирале своите позиции.

-Од прилика тука заврши дискусијата, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Ахмети, пак, рече дека средбата не била за преговори туку за честитање. Тој изјави дека во интерес на двете партии е стабилноста на земјата и напредок во имплементирање на реформите.

– Разменивме мислења на многу конструктивен начин и за неопходните реформи кои мора да ги завршиме во земјава. Разговаравме и за политичките процеси во земјата. Интересот на двете партии е нашата држава да биде што е можно постабилна, изјави Ахмети.

Ова е прва официјална средба на лидерите на двете партии откако Мицкоски стана лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Завчера, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, Мицкоски го пофали Ахмети како искусен и мудар политичар, од кого како што рече можел да научи.

 

Ахмети Закон за јазици Мицкоски средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.