На само 31 година, почина капитенот на фудбалскиот клуб Фиорентина, Давиде Астори, кој 14 пати заигра и за националниот дрес на Италија.
„Фиорентина е потресена што соопштуваме дека капитенот Давиде Астори почина“, се вели во соопштение од клубот.
.Астори својата кариера ја започна во Милан, каде што како младинец не одигра ниту еден официјален меч во Серија А, но откако се пресели во Каљари започна и неговата професионална кариера.
Од Каљари се најде и во дресот на Италија.
Денешниот натпревар помеѓу Фиорентина и Удинезе во рамките на италијанската Серија А е откажан во знак на неочекуваната смрт на Астори.