Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Контрадикторни изјави од северот и југот за средбата во Пјонгјанг

0
By Нова ТВ on March 6, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 6, 2018 10:27

Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун вели дека има „цврста волја за голем напредок“ и дека сака да напише „нова историја околу национално обединување“ со Јужна Кореја.

Ова тој и го порачал на делегацијата составена од високи јужнокорејски функционери кои го посетија Пјонгјанг, пренесуваат севернокорејските медиуми.

-Кога слушна за намерата на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин во врска со самитот од специјален претставник на јужниот сосед, тој размени ставови и постигна задоволувачки договор, пренесуваат тамошните медиуми, не прецизирајќи за каков договор станува збор.

Севернокорејските агенции пренесуваат дека Ким издал важна инструкција до надлежните служби за тие „брзо да преземат практични чекори во тој правец“.

-Исто така тој размени темелни ставови околу прашања значајни за намалување на жестоките воени тензии на Корејскиот полустров и активирање на дијалог, контакт, соработка и размена меѓу двете страни, се вели во веста на севернокорејските агенции.

Севернокорејскиот лидер се сретна со јужнокорејските претставници вчера, а разговорите биле за меѓукорејски самит, што се смета за нов знак за одмрзнување на односите.

Дипломатите кои вчера беа во Пјонгјанг се највисоки јужнокорејски функционери кои дошле во Северна Кореја по повеќе од 10 години.

Сеул објави дека не е постигнат никаков договор за самит, кој би бил прв по 2007 година.

-Тоа не е договор, тоа се разговори, изјавил извор од јужнокорејската делегација, додавајќи дека двете страни на некаков начин размениле ставови и за други прашања.

Ким со јужнокорејската делегација разговорал 4 часа за време на вечерата во централата на Работничката партија во Пјонгјанг.

Од Јужна Кореја е истакнато дека детали за посетата ќе бидат објавени денеска по враќањето на делегацијата.

Јужнокорејската делегација утре би требало да патува за Вашингтон за да ги пренесе случувањата во Северна Кореја. САД имаат анмера да воведат нови унилатерлани санкции против Пјонгјанг, најстроги откако Доналд Трамп е во Белата куќа.

Северна Кореја соопшти дека е подготвена да разговара со САД без предуслови, но и дека нема да се откаже од нукеларното оружје, кое им е, како што тврди Пјонгјанг, одговор на американските закани.

Вашингтон, пак, како предуслов за разговори постави конкретни чекори за Пјонгјанг кон денуклеаризација.

Засега е нејасно дали на вчерашните разговори станало збор за денуклеаризација, но претставник на јужнокорејското претседателство изјавил дека верува дека се разговарало и за тоа.

 

денуклеаризација Ким Јонг-ун обединување Пјонгјанг Самит Сеул средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.