НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошковски одложена

0
By Нова ТВ on March 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поради „правни прашања“ повторно е одложено донесувањето одлука на Врховниот суд во Атина по жалбата за екстрадиција на поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски, објави МИА.

Ново рочиште е закажано за 26 март.

По барање на адвокатите, денешното рочиште беше затворено за јавноста, а според најавите така ќе биде и наредното.

Како што објави МИА, двајцата грчки адвокати на Грујевски и Бошковски побарале од шестчлениот Совет на судии и обвинителот рочиштето да не биде јавано, а по барањето на претседателката на Советот, тие образложиле дека причината е што станува збор за политички прогон и двајцата се обвинети за политички криминал, нешто со што тие како одбрана не се согласуваат.  Тие најавија дека во исказот на Грујевски и Бошковски ќе има прашања кои се доверливи и не се за во јавност.

Едниот од адвокатите образложил дека исказите што ќе ги дадат се однесуваат на политички случај, со прислушувањата по кои имаше политички пресврт и промена на власта. Исто така тој потсети дека и во Судот во Солун рочиштето било зад затворени врати. Како дополнителен аргумент, еден од адвокатите посочил дека во судницата има и новинари, кои што сакаат да објават што кажале Грујевски и Бошковски во исказот.

За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси: за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром, барањето за азил поднесено на 29 ноември минатата година и за македонското барање за екстрадиција, за кој Советот на судии во Солун, на 5 јануари одлучи тие да бидат екстрадирани во Македонија.

Бошковски Врховен суд Атина Грујевски екстрадиција одложена одлука
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.